Macedonian (Македонски јазик) translation by Ајсун Ќаиче (you can also view the original English article)

Сложени геометриски кружни цртежи, познати како мандала, имаат длабоко духовно значење во Хиндуизмот и Будизмот. Тие го симболизираат целиот универзум и можат да се употребат како вежба или за медитација. Неодамна, основната идеја за цртање кружни шеми беше присвоена од западниот свет како средство за терапија или едноставно за релаксација.
Цртање мандала (или она што нашироко се смета за мандала во западната цивилизација) може да изгледа многу напорно и тешко на почеток, но всушност не е така. Сложениот изглед на мандала произлегува од следењето на ритам, кој со малку труд се претвара во прекрасен резултат. Правење на една иста работа одново и одново, напредување покрај тоа, е многу опуштувачко и ви дозволува да бидете присутни во моментот. Можете да прочитате повеќе за цртање како терапија во воведот на оваа серија:
Можете да ги следите моите чекори директно, да ги користите истите техники за вашата мандала или едноставно прочитајте ја целата статија за да научите како да цртате мандали.
Ќе ви треба:
Како и кај повеќето лични активности за арт терапија, нема да ви требаат професионални уметнички материјали. Овие алатки може да ги набавите дури и во супермаркет.
- лист
- молив
- шестар
- ленир
- агломер
- тенко пенкало/ тенок маркер/ налив перо на мастило (било која боја што ви се допаѓа)
- (по желба) подебел маркер
Ако сакате можете да нацртате мандала и само со молив, но од темен маркер шемата ќе биде појасна и поистакната. Моливот има некоја нејасност, никогаш не знаете кога линијата завршува. Со маркер, имате чувство на стабилност и линиите изгледаат пореални.

Има уште нешто што треба да го знаете за да нацртате мандала, а тоа е правилниот начин на размислување. Секако можете да ја третирате како нормален цртеж со одредена замислена цел, но ако го правите правилно можете да добиете повеќе од само задоволството од убав цртеж. Сметајте ја како сесија за медитација. Седнете удобно, во тивко или со пријатна музика и сосредочете се на оваа активност.
Не мислете како ќе изгледа кога ќе го завршите или како луѓето ќе реагираат кога ќе го видат. Не правете го тоа за себе и не сметајте го како тест за вашите вештини за цртање или самопочит. Оставете ритамот да ве превземе низ секој круг и оставете мандалата да стане вашиот свет засега. Нема добро или лошо - само ритам, линии и контраст.
Не се плашете од грешки, нормално е да грешите. Игнорирајте ги или нека станат дел од ритамот за да не бидат грешки повеќе и да станат дел од шемата која никогаш порано не сте ја замислиле. Ова е вашата мандала, никому не треба да му е грижа како изгледа, ниту пак вам треба да ви е грижа за нив.
Дозволете си да бидете креативни. Не ограничувајте се да нацртате нешто пробно само поради можноста на крај да не изгледа добро. Не треба да има срам за цртање мандала. Без оглед на тоа како ја цртате, без оглед на тоа како изгледа, добро е бидејќи вие ја создадовте. Убава мандала нема да го смени светот на подобро, ниту пак „грда“ ќе ви го влоши животот.
Седнете и земете здив. Насмејте се и нацртајте ја вашата душа. Направете ја оваа мандала ваша, без никаква приврзаност за надворешниот свет и видете колку радост можете да исцрпите од оваа едностана активност. Овие зборови на Дејвид Мамет нека ви бидат мото за оваа сесија:
Уметноста е изразување на радост и стравопочит. Не е обид да се споделат нечии доблести и достигнувања со публиката, туку чин на несебичен дух. Не го знаеме нашиот ефект. Не е во наша контрола. Само нашата намера е под наша контрола.
1. Како да испланирате Мандала цртеж
Чекор 1
Можно е да нацртате мандала без никаков план, но има две неповолности:
- Треба да менувате молив и шестар постојано што деконцентрира.
- Висока е опасноста да го изгубите ритамот.
Ако првин нацртате план за мандала, подоцна ќе се сосредочите на цртање без да се грижите за одржување на ритамот. Само следете го и гледајте како шемата се истакнува како да е некоја магија!
Земете го шестарот и сместете го на средината на листот. Нацртајте мал круг, па еден поголем, па уште еден, користејќи разни растојанија помеѓу нив. Единственото правило тука е круговите да се концентрични.

Чекор 2
Земете го ленирот и нацртајте хоризонтална линија низ центарот (совет: ставете го ленирот малку подоле за да има место за моливот).


Чекор 3
Земете го агломерот и поставете го на линијата, точно на средина. Означете на секои 30 степени: на 30, 60, 90,120 и 150. Така ќе добиете 12 делови. Ако сакате можете да користите повеќе или помалку, нема правило!

Чекор 4
Земете го ленирот повторно и нацртајте линија од центарот до секоја ознака низ целиот план. Повторно, внимавајте да оставите место за моливот над ленирот.


2. Како да го нацртате центарот на мандала цртежот
Чекор 1
Во ред, да започнеме од центарот. Треба да го исполниме најмалиот дел од кругот со некоја повторлива шема. Што може да биде лесно за прецртување во овој мал простор и со почетните линии кои ги нацртавме? Јас одлучив да нацртам ливче од цвет пополнувајќи го целиот дел.

Чекор 2
Повторувајте го елементот додека не го пополните целиот круг. Бавно и методички, нема брзање! Сосредочете се на движењето на вашата рака, гласот кој го вади вашата алатка и мислете само на она што го цртате во моментот. Оставете ја иднината за подоцна!

Чекор 3
Затемнете го кругот за да ја затворите шемата со јасни граници.

Чекор 4
Преминете на другиот круг. За да продолжите со оваа цветна тема, можете да нацртате поинтересни ливчиња. Нацртајте ја едната страна...

...па продолжете на другата.

Чекор 5
Сега нацртајте друга страна од ливчето.


Чекор 6
Можете да означите уште една јасна граница на овој круг пред да преминете на следниот. Ајде да пробаме друг трик. Не мора строго да ги следите почетните линии од планот - додадете уште! На пример, можете секој дел да го преполовите за да создадете друг ритам.


Чекор 7
Ајде да нацртаме ливче на оваа основа.




Чекор 8
Не секој круг мора да биде затворен со темна линија. Слободно можете да продолжите на следниот круг и да ја изведете новата шема од предходниот ред.


Чекор 9
Премногу едноставно? Пополнете ги облиците со повеќе шари!




Чекор 10
Темни кругови можат убаво да го исполнат просторот и да додадат некој привлечен контраст.


Чекор 11
Сепак премногу празно? Можете да додадете нешто друго. Без оглед на тоа колку едноставно или чудно изгледа во еден дел, ќе стане убава шема со ритамот. Не плашете се да испробувате!


Чекор 12
Границата помеѓу два реда не мора да биде темна и здодевна. Можете да ја направите подетална ако имате доволно простор.


Чекор 13
Ако новата шема е многу детална, претходната може да изгледа празна во споредва. Но ништо не ве спречува да се навратите и да додадете уште детали!








3. Како да го нацртате надворешниот дел од мандала цртежот
Чекор 1
Нема ограничувања за големината на мандалата, можете да продолжите до каде сакате. Сепак, колку е подалеку од центарот, толку е поголем секој дел. Може да биде корисно секој од нив да се подели на повеќе делови, на пример во третини - било што ви е лесно да измерите.



Чекор 2
Можете да создадете интересни шеми користејќи контраст. Ако имате подебело пенкало, тука можете да биде корисно. Но, исполнување на мал дел со тенко пенкало може да биде сосема релаксирачко доколку не се брзате.


Чекор 3
Ајде празното место да го исполниме со неколку линии.




Чекор 4
Овојпат да пробаме различен облик. Може да ги продолжите почетните линии од претходниот ред.




Чекор 5
Повеќе триаголници!


Чекор 6
Лесно се греши кога цртате голема кружна граница. Малите грешки не се видливи во сложеноста на мандала, но, ако сакате можете да ги поправите со подебела линија.


Чекор 7
Ајде да додадеме повеќе контраст.





Чекор 8
Има многу простор за пополнување! Ајде набрзина да го пополниме.




Чекор 9
Спремете друг ред.



Чекор 10
Што друго можеме да нацртаме, што не сме претходно?


Чекор 11
Контрастот со долните редови бара да додадеме повеќе темнина тука.


4. Како да завршиме мандала цртеж
Чекор 1
Мандала завршува кога сакате да ја завршите, но добро е да ја завршите на посебен начин. Да се вратиме на големите делови и да создадеме ливчиња од самиот почеток.




Чекор 2
За да ги направиме дел од шемата, а не само граница од огромен празен простор, направете им на ливчињата дебела рамка. Тука може да биде од корист подебело пенкало.


Чекор 3
Уште една линија ќе го исполни просторот.


Чекор 4
Можеби е време за неколку точки? Не додадовме ниедна некое време.


Чекор 5
Погледнав во претходниот ред и изгледа малку празно, речиси споен со горниот ред. Ајде да го поправиме.


Чекор 6
Уште ливчиња! За да ги направам многу големи, опфатив два реда наеднаш.




Чекор 7
Овојпат, ајде да им направиме чиста рамка.


Чекор 8
Додадете едноставна шема да ја исполниме празнината:


Чекор 9
За да биде мандалата поотворена, можете да додадете некои елементи однадвор. На пример, нацртајте круг на врвот на секое ливче.


Чекор 10
Пополнете ги за подобар контраст.


Чекор 11
Секој круг може да да се продолжи со повеќе кругови за да се нагласи надворешноста како рамнотежна на впечатливо деталната внатрешност.


Step 12
Не секоја граница треба да биде завршна линија. За да биде отворена границата нацртајте кругови.


Чекор 13
На крај, погледнете ја мандалата во целина и проверите дали има нешто да додадете.

Прекрасно!
Погледнете ја вашата мандала повторно. Обидете се да видите што е, а не што не е. Не ја споредувајте со нешто во вашите мисли, некаква визија како „треба“ да изгледа. На крајот на краиштата, ако целта ви беше да нацртате мандала, тогаш успеавте!
Постои традиција во Тибетскиот будизам на создавање песочни мандали кои свечено ги уништуваат штом ќе ги завршат. Тоа ја симболизира минливата природа на нашиот живот - без оглед на тоа колку труд сме вложиле, без оглед на тоа што сме постигнале, за сите ќе заврши на ист начин. Можете да ја рекреирате оваа практика на уништување на вашата мандала за да се потсетите дека навистина процесот е важен, а не крајниот резултат. Дека патувањето е важно, а не дестинацијата. Имајќи го тоа на ум, полесно е да се ужива во процесот на создавање без да се грижите за крајниот резултат.
Ако цртањето мандала ве инспирира да цртате повеќе, можеби ќе ви се допаднат овие едноставни вежби:
ЖивотниЧекор по чекор како да нацртате пандаМоника Загробелна
ЖивотниЧекор по чекор како да нацртате слатко зајчеМоника Загробелна
ЦртањеЧекор по чекор како да нацртате чуднозглобно животноМоника Загробелна
Исто така, може да сте заинтересирани за нашите други вежби во врска со мандала:
Лајн артКако да направите празнична мандала боенка со Adobe IllustratorДејна Еваншајн
ЗимаКако да нацртате снегулкаМоника Загробелна
Алатки & советиБрзи совети: Како да направите двобојна мандала со четка со шемаАна Елстер
ГеометријаГеометриски дизајн: ОсновиЈумана Медлеј

Envato Tuts+ tutorials are translated into other languages by our community members—you can be involved too!
Translate this post
















