Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Drawing
Design

Што е арт терапија и како може да ви помогне? 

by
Length:MediumLanguages:
This post is part of a series called Art Therapy.
Art Therapy: How to Draw a Mandala

Macedonian (Македонски јазик) translation by Ајсун Ќаиче (you can also view the original English article)

Децата сакаат да создаваат уметност. Тоа го прават интуитивно, пренесувајќи ја својата имагинација со било кое средство што им е дадено. Тоа им е забавно, ништо друго. Но за возрасните работите се различни.  Ние многу се грижиме за резултатите, имаме одредени очекувања и кога не успеваме, се разочаруваме. И зошто би правеле нешто што прави да се чувствуваме лошо? Па престануваме да твориме воопшто, за да ја избегнеме непотребната болка. 

Но уметноста сепак може да биде одличен извор на забава! Наместо да поттикнува стрес, може да го олесно. Наместо да ве депримира, може да ви даде самодоверба и чувство на успех.  Само треба за миг, повторно да бидете дете со мислите. Уметноста можете да ја користите како приуштлива форма на терапија, прилагодена на вашите потреби. 

Што е арт терапија?

Како што наведува Википедија:

Арт терапија (или уметничка терапија) е креативна метода на изразување користена како терапевтска техника. Арт терапијата произлегла од уметничка и психотерапевтска област и може да има повеќе дефиниции. 

Не е ништо ново, се користи со години при професионална терапија. Меѓутоа, денес личниот пристап на арт терапијата станува се попопуларен.  Помалку се фокусира на анализа на чувствата и повеќе на едноставно поминување време насамо, правејќи нешто креативно и опуштувачко. Немате никој да ве насочува и никој да ве суди. 

Постојат многу форми на терапевтски уметнички активности. Моментално најпопуларната е „боенки за возрасни“.  Постапката е едноставна како во верзијата за деца, но шемите кои треба да се обојат се многу посложени и одземаат повеќе време. 

adult coloring book

Друга популарна активност за која можеби сте слушнале е цртање и боење на мандала - сложени геометриски шеми околу круг. Имаат долга историја во Хундуизам и Будизам, но може да се цртаат и вон духовна конотација. 

Во суштина, арт терапијата се основа врз било која уметничка активност на која можете да се фокусирате без притисок и пресуди. Цртате, сликате, вајате или едноставно боите како дете, фокусирајќи се повеќе на процесот отколку на целта. 

Како може да ви поможе арт терапија?

Професионални терапевти обично личната арт терапија не ја сметаат за вистинска терапија. Нема насочувања, па на овој начин сами можете да си ги решите проблемите.  Тие велат, вистинската терапија е процес, а не едноставно активност која прави да се чувствувате добро за миг. Сепак, се согласуваат дека различни уметнички активности може да бидат терапевтски што значи можат да бидат многу корисни при нашите секојдневни ментални борби.  Само имајте на ум дека тоа повеќе е техника за релаксација отколку терапија и ако ви е потребна помош, ве молиме обратете се на професионално лице.

Па што е терапевтско во уметноста? За да го сфатите тоа, првин треба да го промените мислењето за уметноста. Треба да се ослободите од догмите што ве спречуваат да зграпчите молив повторно. Пред се, творењето е активност како и сите други. Можете да бидете лоши, може да бидете добри, може да бидете одлични. Не можете да бидете добри без првин да сте лоши. 

Да сте добри во нешто е важно кога се натпреварувате со другите. Всушност, токму натреварувањето дава на „добро“ и „лошо“ некакво значење. Добри сте ако сте подобри од другите, лоши сте ако сте најлоши. Но не се натпреварувате секогаш за главната награда. Можете да играте баскет со пријателите, каде што забавувањето е поважно од докажување на вашите способности. 

Исто е со творење. Можете да нацртате мачка која личи на гасеница со четири нозе и не е важно се додека вие се забавувате! Цртањето не е наменето само за професионалци, никој нема да ве казни зошто не ве бидува.  Ниту пак тоа што не ве бидува значи дека сте безвредни или неталентирани. Едноставно значи дека не сте вешти во тоа, што е вистина за мнозинството луѓе. Нема потреба да се срамите зошто не сте родени со оваа вештина, бидејќи никој не бил!

Никогаш нема да слушнете дете да каже дека не црта бидејќи не е доволно добар во тоа. Зошто да каже? Цртањето е забавно без оглед на вашето ниво на вештина се додека не ви е приоритет прекрасен краен резултат.  Талентираните деца често се пофалени за нивните убави цртежи, па може да помислите дека пофалба е целта. Но, обидете се да размислите поопширно: талентирано дете е пофалено за исполнување на очекувањата на возрасните, ништо повеќе. 

children drawing
Децата првин цртаат самоотсебе. А подоцна откриваат дека можат да добијат одобрение за да цртаат на одреден начин, што влијае на нивните очекувања од своите цртежи.

Во личната арт терапија, можете да го оттргнете она што го прави цртањето стресно, а тоа е набљудувачот - судијата. Кога знаете дека никој нема да го види вашиот цртеж, нема потреба да го земате нивното одобрение.  Можете да се вратите во времето пред да дозволите туѓите очекувања да станат ваши. Само сте со вашиот прибор - дефиниција за „време за себе“. 

Па најтерапевтскиот елемент во создавањето уметност е спогодвата со вашиот внатрешен критичар. Внатрешниот критичар е малиот дел од вас кој ви кажува дека треба да направите другите да ве почитуваат и да ве сакаат - што не би било толку локо доколку овој глас не беше воглавно зол, ве укорува за било каков погрешен чекор и ги преувеличува последиците!

Кога ќе го игнорирате гласот на внатрешниот критичат (бидејќи во ваков случај нема опасност од социјално осудување), вашата внатрешна пресуда може конечно да се слушне. Конечно можете да помислите „Ми се допаѓа“ без веднаш да додадете „но не е доволно добро“. И колку повеќе го слушате тоа, толку погласно станува. Станува доволно моќно да ја поткопа пресудата на преголемиот внатрешен критичар. 

friends playing ball
Дали треба да сте „доволно добри“ за да играте со пријателите или треба едноставно да уживате во тоа? 

Ова е особено корисно за перфекционистите кои свикнале да дадат 100% на се што прават, измачувајќи се во процесот.  Кога творат во своите соби на мир, во времето издвоено за себе, конечно можат да одговорат на „не е доволно добро“ со „па што?“  Ако сте го нацтале овој мандала 10% што ќе се смени? Кои се последиците? Дали вреди? Размуслување на овој начин во „реалниот свет“ со време станува природно.

Но не е тоа се што арт терапијата има да понуди. Фокусирање на едноставна, повторлива задача како цртање мандала или боење сложена шема може да биде како медитација.  Можете да се ослободите од сите мисли кои ве гонат цел ден. Го слушате своето дишење, мекото чкрипење на моливот врз листот, отчукувањето на часовникот во позадина...

Ова не е уште една задача за извршување, каде што размислувате само за она што ќе го правите следно. Задачата ви е да ја направите оваа задача, но не да ја завршите. Тука сте, во моментот, во име на постоењето и не за да достигнете нешто за иднината.  Го прекршувате доживотниот круг на правење нешто за да можете да правите нешто друго, постојано, задекогаш. Конечно можете да бидете задоволни само со постоењето, дури и да е само за момент. 

woman meditating
Спротивно на популарното верување, не треба да одите на пуст остров за да медитирате - цртањето во вашата соба може да биде исто толку ефективно!

Но листата на добрата од користење арт терапија не завршува тука. Последно, но не помалку вредно, уживањето во активноста е клучна за нашата ментална благосостојба.  Деновите ни се исполнети со активности кои треба да ги направиме, но не и да уживаме во нив. Без забавување, полека умираме однатре како цвет без сонце. 

Има една стара поговорка „Многу работа без забава го прави Џек глупаво момче“, но често ја забораваме. Ние сме возрасни, мислиме дека ги знаеме нашите одговорности и дека можеме да се справиме со нив. Но вистинската причина на депресија во светот денес докажува дека тоа не е вистина. Ние, навистина не си ги знаеме границите и лесто е да ги преминеме. Кога животот е борба, постојана потрага по нешто, можеме да се запрашаме во што е суштината?

Уживањето не потсетува за што навистина живееме. Не потсетува дека животот не е само борба за нешто, туку дека има и убави моменти кои вредат за живеење. А создавањето уметност во име на забавување е одлична активност, бидејќи нема скриена намера - ништо да добиете или изгубите. Едноставно не можете да грешите!

Заклучок

Во денешниот свет, имаме толку многу желби и толку многу начини да ги исполниме што немаме време да уживаме во нив. Медиумите не учат да бидеме незаситни, секогаш да сакаме повеќе. И додека оба прави да добиеме многу, исто така не спречува да уживаме во нив. Препуштување во едноставни уметнички активности како што прават децата само за забава и ништо друго, може да биде особено ослободувачко и добро за нашето ментално здравје.

Ако се согласувате со мене, ќе  бидете среќни кога ќе слушнете дека започнуваме нов серијал на вежби за лична арт терапија. Додека начинот е прилично едноставен и секој може сам да го прави, малку насочување може да биде корисно и да ја задржи  терапијата интересна. На пример, во првата вежба од овој серијал ќе учиме како да цртаме мандала! 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.