Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Art History
Design

Историја на уметност - Месопотамија 

by
Length:MediumLanguages:
This post is part of a series called A Beginner's Guide to Art History.
History of Art: Prehistoric
History of Art: Ancient Egypt

Macedonian (Македонски јазик) translation by Ајсун Ќаиче (you can also view the original English article)

Добро дојдовде на нашата серија за историја на уметност.  Во оваа статија преминуваме од Праисториското време на Месопотамија - лулката на човечката цивилизација.  Со порастот на организирани заедници се раѓа и потребата од комуникација која не е само во уметничка туку и во писмена форма.  Ова е моментот кога историјата навистина започнува благодарение на луѓето кои запишале сè и ги сочувале своите култури. 

Hanging Gardens at Babylon
Висечките градини на Вавилон.  Слика од 19 век. 

Сумер 

Сумерите биле значајни затоа што биле првата цивилизација на јужната Месопотамија (денешен Ирак) и затоа што биле прва култура која развила систем за пишување во областа. Клинестото писмо откриено на многу глинени плочки кои се претпоставува де датираат од 3500 год. п.н.е. 

Cuneiform tablet
Клинесто писмо на староперсијски, вавилонски и еламски јазик.  Слика: Џон Хил CC BY-SA 3.0.

За разлика од протописменоста која историчарите ја сметаат за симболи кои немаат лингвистичка содржина, клинестото писмо прераснало од пиктографи кои содржат апстрактни форми кои му овозможиле на населението на Месопотамија да комуницира и да ги бележи своите животи и идеи.  Клинестото писмо постоело се до некаде околу 100 год. од н.е. кога се создале и се користеле азбуки низ Евроазија. 

Клинестото писмо се смета за најголемото достигнување на сумерската цивилизација и благодарение на нив историчарите имаат контекст за културата и уметноста на Месопотамија. 

Урук и скулптури со наративен релјеф 

Урук бил голем град во Сумер со чие име се означува поран период од месопотамската култура.  Тогашната уметност се состоела воглавно од грнчарство и резбање.

Еден добро познат пример е Вазната од Варка, сад од алабастер со резби во четири реда.  Првите три реда се во шари околу вазната кои се состојат од вегетација на дното, животни во средината и мажи кои носат чинии и тегли најгоре.  Најголемиот дел од целата структура прикажува сцена од Инана (позната и како Иштар) божицата на љубов, плодност и војна. 

Warka Vase
Вазна од Варка.  Слика: Ајнсамер Шице - Свое дело, CC BY-SA 3.0.

Друг предмет кој датира од ова време е коритото од Урук.  Како и вазната од Варка и овој декоративен предмет е скулптура со наративен релјеф.  Уметниците резбале камен, или во овој случај гипс, за да создадат дезени кои ќе изгледаат како формите да се испупчуваат од позадината или се поставени врз скултурата. 

Uruk Vase
Вазна од Урук.  Слика: Џононмек46 - Свое дело, CC BY-SA 3.0

Уметниците ќе го отсечеа негативниот простор, дозволувајќи им на преостанатите материјали да создадат позитивна слика.  И покрај тоа што тоа било мачна задача, уметноста во релјеф била поверојатно дека ќе опстане низ годините бидејќи не била кревка како самостојната скулптура затоа што едната страна и била поврзана со целата скулптура. 

Ран династички период на уметноста 

Занимливо е што раниот династички период (2900 - 2350 п.н.е.) ни дал многу вотивни статуи или резби на верници и  свештеници.  Вообичаено, овие фигури стоеле со рацете споени на градите, носеле сукњи или фустани. Лицата не се разликувале многу, но се разликувале фризурите на жените и некои од облеките или работите што ги држеле малите фигури. 

Sumerian Worshipper
Сумерски верник.  Слика: Осама Шукир Мухамед Амин FRCP(Glasg) - Свое дело, CC BY-SA 4.0.

Ова било период кога бакар станал огромен за скулптура.  Еден одличен пример се наоѓа на Кралските гробишта во Ур: Рам во грмушка. Под ризик да коментирам премногу, ова е една од најслатките скулптури што сум ги видела во историјата на уметност. 

Рам во грмушка бил откриен смачкан и требало внимателно да се реставрира.  Некогаш внатрешноста му била од дрво, но тоа со текот на времето се распаднало. Археологот Сер Леонард Вули ја открил скулптурата (навистина пар скултуру) и по користење на восок за да ја сочува за време на ископувањето, морал да ја врати скулптурата во првобитната состојба. 

Ram in a Thicket
Рам во грмушка, Слика: Џек1956 на Википедија на англиски јазик, CC BY-SA 3.0

За скулптурата се користени различни материјали.  Златни листови биле прицврстени за дрвената основа додека пак ушите биле направени од бакар.  Руното на неговото тело било направено од школка, додека пак руното на рамењата и роговите биле направени од  лапис лазули. Прилично забележително фигурата стои врз мозаична основа изработена од школка, лапис лазули и црвен варовник. 

Разговорот за мозаиците нè доведува до уште еден ран династички артефакт, „Стандардот од Ур“. Оваа колекција од мозаици прикажува наративи од војна и мир со лапис лазули и школка.  Како и горенаведениот рам, овие мозаици биле прицврстени за дрво и затоа опстанале само во фрагменти.  Вули и неговиот тим се одговорни за реставрацијата на Стандардот. Тие користеле восок за да ги отстранат внимателно малите делови на мозаикот додека го сложат најдобро што можат. 

Standard of Ur 26th century BC War panel
Стандард од Ур, 26 век п.н.е., делот „Војна“. 

Благодарение на користењето материјали како камења, метали и школки имаме уметност која датира  илјадници години.  Додека дрвото можеби било општ материјал, тоа се распанало со текот на времето и го изгубило своето место во историјата. 

Акадска уметност 

Се предпоставува дека Акадската империја раководела со Месопотамија од 2271 -2154 год. п.н.е. Ова ни дава временски период кога владеела нивната култура и ги гледаме нивните придонеси кон уметноста.  Не е зачудувачки кога зборуваме за култури кои освоиле големи области, тие да имаат тенденција за уметнички дела кои се сосредочуваат на кралеви, лидери и на својата империја.  Не е различно и со Акадската империја, па имаме скулптура на еден од акадските кралеви.  Скулптурата подолу била изработена во бронза. 

Akkadian king head
Глава на акадски крал. 

Исто така биле сочувани и достигнувањата на кралевите.  Стела е голема камена плоча (може да биде и дрвена) подигната како споменик или комеморативно дело. „Стела за победата на Нарам-Син“ е релјефна резба висока 6 стапки (приближно 1.8 метри) и го прикажува кралот Нарам-Син од Акад кој го води својот народ кон победа, носејќи шлем со рогови од бик.

Victory Stele of Naram-Sin
Стела за победата на Нарам-Син.  Слика: Рама - Свое дело, CC BY-SA 2.0 fr.

Ова дело е значајно бидејќи го покажува кралот додека носи шлем претходно прикажан дека го носат само богови. Додадете ја на ова и позицијата на кралот во рамките на резбата и имате одличен пример за прикажување на лидер како божествена фигура, нешто мошне често низ историја на човештвото.

Асирска уметност 

Преминувајќи на асирците, имаме уште една култура чии што уметнички придонеси се сосредочени на победата,војската и на своите лидери.  Светлата страна на оваа ера, која се претпоставува дека траела од 1500 год. п.н.е. до 612 год. п.н.е, е сосредочувањето на создавање големи, забелешливи уметнички дела што ги украсувале јавните згради и палати. 

Winged Genii from the palace of King Sargon II at Dur Sharrukin
Крилестиот џин од палатата на Крал Саргон II  во Дур Шарукин. 

Во голем фокус било прикажувањето на животни и животинските карактеристики.  Мали детали биле изработени во релјефните резби покажувајќи човечки фигури јавајќи коњи на битка.  Значаен придонес додал „Крилестиот џин“ во историјата која често се состои од релјефни резби од маж со крилја.  Како и акадијците пред нив, се вели дека асирските лидери  ги нарачале овие уметнички дела како претстави на сопствената божественост.  Оваа идеја се базира на единствената разлика помеѓу резбите на кралеви и џинови со крилја. 

Подоцна овие крилести мажи влијаеле врз грчката уметност за време на архајскиот период и резултирале со толку познати митололошки суштества како Химера, Пегаз, Грифин и Талос. 

Вавилонска уметност

Продолжуваме понатака, доаѓаме до вавилонците.  Вообичаено кога ќе слушнете за вавилонците помислувате на една од седумте чуда на античкиот свет - Висечките градини на Вавилон.  Затоа што се градини, нешто лесно уништливо, постојат само уметнички прикази и писмени извештаи за градините, но ниедно не е од прва рака. 

Hanging Gardens of Babylon 20th-century depiction
Висечките градини на Вавилон.  Илустрација од ран 20 век. 

Писмените извештаи на градините ги опишуваат како голема изградба на повеќе нивоа која наликува на планина исполнета со дрвја, лозје, грмушки и растенија од секаков вид.  Сепак, бидејќи овие извештаи се од стотици години подоцна или едноставно ги цитираат изгубените текстови, градините можеби биле асирски отколку вавилонски или пак целосно митски.

Reconstruction of the Ishtar Gate at the Pergamon Museum in Berlin
Реконструкција на портата на Иштар во Музејот Пергамон во Берлин.  Слика: Риктор Нортон,  CC BY 2.0.

Уште еден познат пример од вавилонскиот придонес кон уметноста е портата на Иштар.  За разлика од висечките градини, знаеме дека ова постоело благодарение на ископувања од 20 век.  Дел од вавилонскиот ѕид, портата на Иштар била изградена околу 575 год. п.н.е. под власт на Навуходонозор II. 

Lions and flowers on the Ishtar Gate
Лавови и цветови на портата на Иштар.  Слика: Жозеф Реналиа - Свое дело, CC BY-SA 3.0.

Еднаш сметана како една од седумте чуда на античкиот свет (ѕидовите на Вавилон биле заменети на листата со Светилникот во Александрија), портата е украсена со глазирани цигли кои прикажуваат змејови, лавови и бикови меѓу светло сини глазирани цигли кои можеби биле или пак не биле од лапис лазули.  Животните се однесуваат на божества на вавилонците (Иштар, Адад и Мардук).  Се вели дека портата била дел од процесен пат кој водел до храмот на Мардук, главниот бог на Вавилон. 

Заклучок 

Со раѓањето и распространетото користење на системи за пишување дојде контекстот кој на нас, како гледачи на минатото, ни треба за да ја разбереме културата и изразот на нашите предци.  Од релјефни скулптури до бакар, до големи згради и структури наменети да им оддадат почит на лидерите и боговите, уметноста била расцутена во лулката на цивилизацијата. 

Ова се само некои знаменитости од овие епохи.  Нашиот вид има долга историја на создавање уметност под разни причини и ова е само идејата на уметност низ Месопотамија.  Следниот пат патуваме малку кон запад, кон Древен Египет! 

Сакате да читате повеќе за Месопотамската уметност? Видете ги следниве линкови: 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.