Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Photoshop Actions
Design

Како да создадете блескава акција во Adobe Photoshop

by
Difficulty:IntermediateLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called Photoshop Portraits.
Photoshop in 60 Seconds: How to Create a Cinematic Photo Effect With Actions
18 Cool Photoshop Watercolor Effects & Filters With Texture
This post is part of a series called Learn Adobe Photoshop.
How to Replace a Woman's Lipstick Using Retouching Techniques
How to Create a Glamorous Calavera Portrait in Adobe Photoshop

Macedonian (Македонски јазик) translation by Anastasija Martinovska (you can also view the original English article)

Final product image
What You'll Be Creating

Во овој туторијал ќе научите како да создадете неверојатен ефект на магична прашина. Ќе се обидам да објаснам сè во детали, така што секој ќе може да го создаде, дури и оние кои штотуку отворија Photoshop за прв пат.

Ефектот прикажан лево е оној за којшто ќе ви ја покажам процедурата во овој туторијал. Ако сакате брзо и лесно да го креирате ефектот прикажан на десната страна, тогаш проверете ја мојата MagicDust Photoshop Action:

The action final result

Што ќе ви биде потребно

За создавање на горенаведениот дизајн, ќе ви треба следната фотографија:

1. Да почнеме

Прво, отворете ја фотографијата со која сакате да работите. За да ја отворите, одете во File > Open, изберете ја вашата фотографија и кликнете на Open. Пред да почнеме, направете мала проверка:

  1. Вашата фотографија треба да биде во RGB Color режим, поставена на 8 Bits/Channel. За да го проверите ова, одете во Image > Mode.
  2. За најдобри резултати, големината на фотографијата треба да биде помеѓу 1500-4000 пиксели ширина/висина. (wide/high) За да го проверите ова, одете на Image > Image Size.
  3. Фотографијата би требало да ви биде Background слој. Ако не е, одете во Layer> New> Background from Layer.
Checking image size and mode

2. Создадете основа

Чекор 1

Сега треба да ја создадеме основата што одредува каде ќе се создаде ефектот на магичната прашина. За да го направите тоа, одете во Layer> New> Layer за да создадете нов слој и именувајте го Base.

Creating new layer for the base

Чекор 2

Сега изберете Brush Tool (B), одберете мека четка, прилагодете ја нејзината големина и четкајте ги областите каде што сакате да создадете ефект на магична прашина. Можете да користите било која боја - не е важно.

Creating the base

3. Создадете прашина на позадината

Чекор 1

Сега ќе создадеме прашина во позадината која ќе биде зад светките.  Прво сокријте го Base слојот со кликнување на иконата во облик на око покрај неговата сликичка. Потоа изберете го Background слојот и одете во Layer > New > Layer за да создадете нов слој и именувајте го Background Dust.

Creating new layer for the background dust

Чекор 2

Притиснете D на тастатурата за да ги ресетирате swatches и да одете во Filter> Render> Clouds.

Adding clouds filter

Чекор 3

Control-click на сликичката на Base слојот, за да го изберете, одете во Select > Modify > Expand , а потоа Select > Modify > Feather, и изберете ги следните поставки:

Modifying the selection

Чекор 4

Ќе го користиме овој избор за создадавање на маскиран слој на Background Dust слојот. Затоа, одете во Layer> Mask Layer> Reveal Selection.

Making layer mask to background dust layer using selection

Чекор 5

Одберете го маскираниот слој на Background Dust слојот, десен-клик на него, одеберете Select and Mask, и внесете ги следните поставки:

Selecting and masking background dust layer mask

Чекор 6

Сега на овој слој ќе додадеме стил. Десен-клик на слојот во Layers панелот и изберете Blending Options. Означете го полето Gradient Overlay и одберете ги следните поставки:

Adding gradient overlay style to background dust layer
Левата боја запира на бојата 410a0a, и десната боја запира на бојата ff7c00.

Чекор 7

Изберете го маскираниот слој на Background Dust слојот, десен-клик на него и одберете Apply Layer Mask. Променете ја blending mode поставката на овој слој на Color Dodge и сменете ја opacity вредноста на околу 31%.

Applying background dust layer mask

4. Создадете блескави честички

Чекор 1

Сега ќе создадеме блескави честички. Control-click на сликичката на Base слојот за да го изберете тој слој. Изберете го слојот Background Dust и одете во Layer> New> Layer за да создадете нов слој и оставете го стандардното име Layer 1.

Creating new layer for the glowing particles base

Чекор 2

Притиснете D на тастатурата за да ги ресетирате swatches, одете на Edit > Fill и одберете ги следните поставки:

Filling the selection with foreground color

Чекор 3

Сега притиснете Control-D на тастатурата за да го отстраните изборот. Одете во Filter > Pixelate > Mezzotint и прилагодете го текстот во Coarse Dots. Alt-click на иконата во облик на око покрај сликичката на слојот Layer 1, за да ги скриете сите други слоеви. 

Adding the mezzotint coarse dots filter

Чекор 4

Одете во Select > Color Range и со помош на алатката Eyedropper Tool, одберете ја белата боја со кликање на некои бели честички и поставете Fuzziness на 200. Потоа одете во Select > Select and Mask и одберете ги следните поставки:

Selecting the particles using color range

Чекор 5

Сега, десен-клик на слојот со име Layer 1 и изберете Delete Layer. Изберете го Background слојот, кликнете на иконата во облик на око за да биде видлив, и одете во Layer > New > Layer Via Copy.

Creating new layer using selection

Чекор 6

За да направите честичките да светат, одете во Layer> New> Layer Via Copy за да го дуплирате тековниот слој. Потоа одете на Filter > Blur > Gaussian Blur и изберете ги поставките подолу.

Adding gaussian blur filter to particles layer

Чекор 7

Сега повторете го претходниот чекор двапати користејќи ги поставките подолу, по редоследот по кој се прикажани. Значи, горниот приказ е за првиот поворен чекор, а приказот од долниот дел е за вториот повторен чекор.

Adding gaussian blur filter to particles layers

Чекор 8

Одете два пати во Layer> New> Layer Via Copy, за да го копирате Layer 2 copy 3 два пати. Сега одете на Filter > Blur > Gaussian Blur и изберете ги поставките подолу. Потоа повторно одете на Layer> New> Layer Via Copy двапати.

Adding gaussian blur filter to particles layer

Чекор 9

Shift-click на Layer 2 за да ги изберете сите слоеви на честички, десен-клик на кој било од избраните слоеви и изберете Merge Layers. Потоа повторете го шесттиот чекор двапати користејќи ги подолу прикажаните поставувања во правилен редослед. Значи, горниот приказ е првиот повторен чекор, а приказот од долниот дел е за вториот повторен чекор.

Adding gaussian blur filter to the particles layers

Чекор 10 

Shift-click на Layer 2 copy 7 за да ги изберете сите слоеви на честички, десен-клик на било кој од избраните слоеви и изберете Merge Layers. Одете два пати во Layer > New > Layer Via Copy, за да го копирате овој слој два пати. Потоа одете на Filter> Blur> Gaussian Blur и изберете ги поставките подолу.

Adding gaussian blur filter to particles layer

Чекор 11

Сега одете во Layer> New> Layer Via Copy за да го копирате слојот Layer 2 copy 11. Shift-click на Layer 2 copy 9, за да ги изберете сите слоеви на честички, десен-клик на кој било од избраните слоеви и изберете Merge Layers. Променете ја blending mode поставката на овој слој на Linear Dodge,а потоа кликнете два пати на името на овој слој и напишете Particles_1.

Creating particles layer

Чекор 12

За да создадеме повеќе честички, ќе го повториме процесот што го користевме за создавање на слојот Particles_1. Ако сакате повеќе честички, повторете ги сите чекори од чекор 1 до чекор 11. Повторете ги овие чекори онолку пати колку што сакате, во зависност од тоа колку честички сакате да креирате. Јас ги повторив уште четири пати.

Creating more glowing particles

Чекор 13

Сега изберете го слојот Background Dust и кликнете на  иконата во облик на око за да го направите видлив. Потоа повлечете го слојот на дното од панелот Layers помеѓу слојот Background и последниот слој честички (Particles_5 во мојот случај).

Arranging layers

Чекор 14

Ако сакате да преобразите некој од слоевите на честички, изберете Lasso Tool (L), десен клик било каде на работната површина и изберете Free Transform. Потоа направете ги промените што ги сакате - можете да им ја промените големината, да ги ротирате итн. Исто така можете да користите Control за да изберете повеќе слоеви и да направите повеќе трансформации одеднаш, како што јас сторив подолу:

Transforming the glowing particles

5. Направете прилагодувања

Чекор 1 

Сега ќе додадеме контраст. Изберете го слојот Particles_1 и ресетирајте ги примероците со притискање на D на тастатурата. Одете во Layer> New Adjustment Layer> Gradient Map за да креирате нов gradient map слој за прилагодување и  именувајте го Overall Contrast.

Creating the gradient map adjustment layer

Чекор 2

Променете ја blending mode поставката на Overlay и намалете ја opacity вредноста на околу 22%.  

Changing blending mode and opacity of the contrast layer

Чекор 3

Сега ќе додадеме сатурација. Одете до Layer> New Adjustment Layer> Hue/Saturation за да создадете нов hue/saturation слој за прилагодување и именувајте го Overall Saturation.

Creating the hue saturation adjustment layer

Чекор 4

Кликнете два пати на сликичката на слојот Overall Saturation и внесете ги следните поставки:

Changing the settings of hue saturation layer

Чекор 5

Сега малку ќе ја прилагодиме светлината.  Одете до Layer> New Adjustment Layer> Levels за да создадете нов слој за прилагодување и именувајте го Overall Brightness.

Creating the levels adjustment layer

Чекор 6

Кликнете два пати на сликичката на слојот Overall Levels и и одберете ги следните поставки:

Changing the settings of levels layer

Чекор 7

Сега малку ќе ја изостриме фотографијата. Притиснете Control-Alt-Shift-E на тастатурата за да направите слика. Одете во Filter> Other> High Pass и поставете го радиусот на 2 px.

Adding the high pass filter

Чекор 8

Кликнете два пати на името на овој слој за да го преименувате и напишете Overall Sharpening. Променете ја blending mode поставката во Linear Light и намапете ја Opacity на околу 90%.

Changing the blending mode opacity and name of sharpen layer

6. Додајте боја

Чекор 1

Сега на фотографијата ќе и додадеме убава боја. Одете во Layer> New Adjustment Layer> Curves за да создадете нов слој за прилагодување на облините и именувајте го Color Look.

Creating curves adjustment layer

Чекор 2

Кликнете два пати на сликичката на слојот Color Look и внесете ги следните поставки:

Changing settings of curves layer

Прекрасно дело!

Честитки, успеавте! Еве го нашиот конечен резултат:

Final result

Уредете го резултатот по сопствена желба

Сега може да го уредите конечниот ефект; ќе ви дадам неколку совети:

  • Можете да го повторите процесот во делот 4,за да создадете многу повеќе блескави честички. Исто така, не заборавајте да ги измените честичките како во Чекор 14 во овој дел.
  • Изберете го слојот Overall Contrast и променете ја opacity вредноста за да го прилагодите контрастот.
  • Изберете го слојот Overall Saturation, кликнате два пати на неговата сликичка, и поиграјте со Saturation вредностите во Properties панелот за да постигнете различни резултати.
  • Изберете го слојот Overall Brightness, двоен-клик на неговата сликичка и променете ги поставките за да ја прилагодите светлината.
  • Изберете го слојот Overall Sharpening и променете ја opacity вредноста за да ја прилагодите острината.
  • Изберете го Color Look layer слојот, двоен-клик на неговата икона, и во панелот Properties сменете ги поставките за различен изглед на боите.

Еве го мојот резултат:

Customized final result

Ако сакате да создадете уште понапреден ефект на магична прашина како што е прикажано подолу, користејќи еден клик за само неколку минути, тогаш проверете ја мојата MagicDust Photoshop Action.

Action final result

Акцијата функционира така што само ќе четкате каде што сакате да создадете магична прашина, кликнете play и акцијата ќе стори сé за вас за неколку минути, давајќи ви резултат организиран во слоеви кои можете да ги прилагодите. Акцијата, исто така, ќе создаде 33 претходно избрани бои за вас. Доаѓа со детален видео туторијал кој покажува како да го користите и прилагодите изгледот на вашата акција за да извлечете максимум од ефектот.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.