Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Fonts
Design

Што претставуваат фонтови во боја?

by
Length:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Makedonka Micajkova (you can also view the original English article)

Фонтовите во боја несомнено ќе го преземат светот на графичкиот дизајн во 2018, но што поточно се тие и како може да ги користите?

Сега ќе го разгледаме техничкиот жаргон и ќе преминиме кон едноставната вистина за фонтовите во боја. Овој тренд кој ви е на располагање ветува дека ќе ја врати забавата во типографијата. Она што мора да го знаат веб и графичките дизајнери, е дека оваа нова тренди технологија ќе има трансформативен ефект врз дигиталниот и печатен дизајн низ претстојните години. Па не заостанувајте и продолжете со читање!

adobe color fonts
Сликата е преземена од color.typekit.com

Што всушност претставуваат фонтови во боја?

Ако сакате да користите многу детални знаци во дизајн, треба да користите векторска или растерска слика од буква или група на букви. Без разлика дали се создадени од нула од типографски уметници или се преземени од страница, овие слики одземаат доста време при нивно креирање и не се толку функционални или флексибилни како фонт датотека.

Барем таков беше случајот досега. Фонтовите во боја, понекогаш наречени хроматични фонтови, го претставуваат следниот еволутивен чекор на типографија, соединувајќи детали како боја, градиенти и текстури во фонт датотека, во било векторски или bitmap формат. Векторските детали изгледаат јасни и изострени колку и да се големи, додека bitmap фонтовите во боја може да изгледаат пикселни или матни кога се зголемени повеќе од нивната планирана максимална големина.

Секој фонт во боја е составен од јадро „резервна копија“, што претставува стандардниот векторски фонт OpenType, плус дополнителни податоци прикажани во формат SVG (Scalable Vector Graphics). Меѓу развивачите на фонтови, фонтовите во боја се нарекуваат OpenType-SVG.

trajan pro color font
Овој фонт во боја на Adobe Typekit, наречен Trajan Color Concept, го комбинира стандардниот фонт Trajan со градиенти, бои и засенувања за да се добие украсен метален ефект.

Ако го гледате фонтот на прелистувач кој поддржува фонтови во боја, ќе можете да ја видите разнобојната верзија, а ако не ќе ја видите резервната верзија. Ова е важно да се запамети, пред да се нурнете кон конвертирање на сите фонтови на вашата веб-страница во фонтови во боја. Бидејќи фонтовите во боја се релативно нови, повеќето верзии на прелистувачи моментално не се во состојба да ја поддржат оваа технологија. Преминете подолу кон „Како можам да ги користам“ за да дознаете повеќе.

Хмм, па зошто би сакал да ги користам?

Се сеќавате ли на возбудата што ја чувствувавте во училиште при користење WordArt за разубавување на вашите PowerPoint презентации? Додека вашиот наставник можеби бил помалку возбуден, има нешто многу интересно во придавањето максималистички процут на текстот. Фонтовите во боја се исто што и WordArt за добата на интернетот, придавајќи дополнителна привлечност на кој било дизајн.

Ова не е тренд што минималистичките обожаватели целосно ќе го прифатат, но е дефинитивно освежувачки по неколкудеценскиот период на јасен дизајн инспириран од швајцарска школа. Фонтовите во боја се наоѓаат на спротивниот крај од спектарот на скандинавската јаснотија, наместо да ги преземаат нивните знаци од emojis, стилови на ретро знаци и дизајн на апликација.

bungee
Фонт во боја Bungee од Дејвид Џонатан Рос

Фонтовите во боја се на границата помеѓу добар и лош вкус, но засега тие некако се на правото место. Се појавуваат пропратени со заживување на сите нешта кои се дизајнирани во ретро стил, како и со ново максималистичко чувство низ сите дизајнирани области, почнувајќи од модата, па се до ентериерите. Фонтовите во боја изгледаат несериозно, но се веднаш примамливи и тоа е она што ги прави особено привлечни за дизајнерите и продавачите кои сакаат да се пробијат во непостојаниот технички милениумски пазар. 

Пред се, фонтовите во боја се забавни! Додека фонтовите во боја се првенствено дизајнирани со помош на веб-страници и апликации, тие исто така имаат потенцијал да понудат нешто младешко и свежо во областа на дизајнот за печатење. Не можете да искористите фонт во боја без да се насмевните, што можеби е она по кое дизајнерите и потрошувачите копнеат за време на овие политички и социјално несигурни времиња.

Добро, па каде би можел да ги користам?

Бидејќи фонтовите во боја се нова технологија, многу прелистувачи, уреди и софтверски програми треба да се надоградат. Можеби нема да можете да ги видите фонтовите во боја на некои прелистувачи - наместо тоа ќе можете да ја видите стандардната OpenType верзија.

bixa color
Сликата е преземена од Bixa Color

Сепак, ова најверојатно ќе се промени наскоро. Фонтовите OpenType-SVG се прогласени за индустриски стандард за фонтови во боја, што значи дека прелистувачите и софтверите најверојатно брзо ќе се ажурираат со цел да ги олеснат. Моментално можете да ги гледате фонтовите во боја во поновите верзии на Firefox (од верзија 26) и Microsoft Edge (од верзија 38 на Windows 10).

Што се однесува до користењето на фонтови во боја кај софтверски дизајни, Adobe е понапреден, овозможувајќи им на дизајнерите да ги видат и применат фонтовите во боја користејќи ги најновите инкарнации на Illustrator (CC 2018), Photoshop (CC 2017) и InDesign (CC 2018).

Некои дизајнери на знаци експериментираат и со анимирани верзии на фонтови во боја. Gilbert, фонт во боја креиран од Fontself, е употреблив во Adobe After Effects.

gilbert font
Gilbert, фонт кој е достапен во статични и анимирани верзии.

Овие анимирани стилови претставуваат нов возбудлив развој за подостапни анимации - очекувајте наскоро да ги сретните насекаде низ социјалните медиуми, гифови и видеа.

Каде можам да ги сретнам фонтовите во боја?

Фонтовите во боја во моментот се ретки, но постојано се издаваат повеќе, со тек на време, со пробивањето на трендот. Adobe има посветен фонт во боја Typekit, каде што се прикажани најновите фонтови во боја достапни за преземање за мрежа и печатење. Едно од нивните најзначајни изданија е верзијата на фонтот во боја на Emoji One, која го олеснува интегрирањето шарени графици на emoji во вашите дизајни со помош на панелата Glyphs. 

emoji one
Знаци од фонтот Emoji One Color

Некои дизајнери на фонтови користат посветени платформи за да ги стартуваат нивните креации на фонтови. Bixa Color е ретро-инспириран заеднички резултат од NovoType и Роел Ниескенс.

bixa color
Фонт Bixa Color од NovoType и Роел Ниескенс

Bungee, дизајниран од Дејвид Џонатан Рос, е достапен во широк спектар на бои и стилови, како и во хоризонтални и вертикални верзии.

bungee font
Фонт во боја Bungee од Дејвид Џонатан Рос

Сакате да имате можност за содавање ваш сопствен фонт во боја? Fontself е алатката која ја користат дизајнерите на фонтови во боја. Погледнете ја посветена страница за Gilbert, кој беше креиран користејќи ја Fontself, за да се здобиете со знаење за можностите.

gilbert font
Фонт во боја Gilbert, креиран со користење на Fontself

Јас сум конвертер на фонтови во боја! Но како треба да ги користам?

Ако сте се соочиле со грешка кај фонтовите во боја, може да биде тешко да се ослободите од старите фонтови и да смените. Пред да креирате дизајни кои изгледаат лошо, земете ги предвид овие совети и упатства за максимално искористување на овој нов типографски тренд.

Како и кај стандардните фонтови, некои се значително подобри од другите. Само затоа што можете да искористите фонт во боја, не значи дека морате. Издржете уште неколку месеци и ќе имате пристап до многу поширок избор на фонтови во боја, помагајќи ви да креирате подобро осмислени дизајни.

Бидете свесни за ограничувањата на фонтовите во боја. Ако сте се решиле за bitmap фонт, препорачливо е да не го користите на поголемо ниво од што било планирано од неговиот дизајнер. Па, на пример, фонтот во боја bitmap можеби ќе изгледа добро на печатен флаер подесен на точната големина, но може да изгледа помалку експертски на достапен веб дизајн кој вклучува скалирање содржина на голема димензија на работната површина.

Вреди да се има на ум дека фонтовите во боја зафаќаат поголема меморија од нивните сродници OpenType, поради дополнителната количина податоци што ги носат. Не се секогаш големи (на пр. фонтот Bixa Color е само 30kb поголем од нормалната големина на фонт), но тоа може да влијае врз вчитувањето на веб-страниците и апликациите. Без проблем слободно користете ги фонтовите во боја, но не дозволувајте либералната употреба да влијае врз мислењето на корисникот за вашиот дизајн. 

Ако сакате да ги користите фонтовите во боја за веб дизајн, треба да ја имате на ум можноста дека може да помине доста време пред посетителите да можат да ги видат фонтовите како што сте планирале. Можат да поминат многу месеци или години пред поединците да ги ажурираат или променат прелистувачите, а повеќето нема да бидат свесни за ургентната потреба дека ова треба да се направи во врска со прикажувањето на фонтовите во боја. Имајќи го ова на ум, осигурајте се дека вашиот фонт изгледа исто толку добро во неговиот „резервен“ формат како што изгледа и во боја.

Бидејќи фонтовите во боја се прилично гласни и пренападни, тие можат да го направат дизајнот невкусен. За некои дизајни, особено апликации насочени кон помлад пазар, ова може да биде бонус. Страницата на фонтот во боја Typekit на Adobe веднаш предизвикува реакција на љубов или омраза врз прекумерниот веб дизајн. Други дизајнери можеби преферираат да го балансираат фонтот во боја со послични знаци и црно-бели слики во останатиот дел од шаблонот, или да искористат фонт во боја како единствената привлечност во јасен и едноставен дизајн.

popsky font
Комбинирањето фонтови во боја со појасни елементи на вашите дизајни, ќе им овозможи да бидат побалансирани, како што е прикажано во овој пример користејќи го фонтот во боја Popsky, дизајниран од Игор Петровиќ.

Ако сте сеуште несигурни како да ги користите фонтовите во боја во вашите дизајни, добар совет е да се присетите на намерата на вашиот дизајн. Дали сакате да се насочите кон пазар кој е свесен за трендот, како што се технолошко талентирани милениуми? Тогаш користењето на фонтовите во боја ќе резултира со ангажирање и младешки дизајн. Дали сакате да ги користите фонтовите во боја само за да додадете разлика во вашиот дизајн? Повременото користење ќе ви овозможи попрофесионален и побеспрекорен резултат.

Заклучок

Фонтовите во боја можеби се најновиот "it" тренд во графичкиот дизајн, но изгледа дека се тука за да останат, барем во догледна иднина. Тие претставуваат пауза од конвенционалната технологија на фонтови, правејќи подетални записи, па дури и анимирани текстови, подостапни за дизајнерите, па и оние кои не се дизајнери.

Со фонтовите во боја сеуште во повој, има ограничен број на фонтови достапни за преземање, што ја ограничува нивната сегашна употреба од дизајнерите. Како и да е, ова е возбудливо време за скорашните дизајнери на фонтови. Ако барате нов предизвик за пишување, креирањето на ваш сопствен фонт во боја почнувајќи од нула може да биде и креативно и финансиски наградувачко.

Сакате да се запознаете со дизајнот на фонтови? Овие туторијали ќе ви ги прикажат основите на креирање ваши сопствени фонтови почнувајќи од нула:

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.