Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Drawing
Design

Како да нацртате ружа

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:
This post is part of a series called Drawing Nature.
How to Draw Trees
How to Draw Grass, Ground, and Rocks
This post is part of a series called Learn How to Draw.
What Is Composition, and Why Is It So Important in Drawing?
How to Use Gestures to Draw Creatures From Imagination

Macedonian (Македонски јазик) translation by Martina Kovilevska (you can also view the original English article)

Final product image
What You'll Be Creating

Ружите се многу популарни цвеќиња, најчесто се сметаат за симбол на љубовта. Сепак, тие се многу тешки за цртање - направени се од многу слоеви на ливчиња. Треба внимателно да ги додавате едно по едно и потоа да ја нијансирате целата конструкција. Во овој краток туторијал ќе ви покажам како да го направите тоа, доколку сакате да нацртате ваша сопствена ружа од почеток до крај, без да се потпирате на некое упатсво. Но, доколку сакате слободно проверете го било кое од овие упатства од Envato Market, за да си помогнете: 

Што ќе ви биде потребно

  • Тврд молив (HB)
  • Средно мек молив (2B или малку помал)
  • Мек молив (5B или помал)
  • Лист хартија
  • Острилка за моливи

Чекор 1

Започнете со тоа што ќе нацртате облик на солза/јајце со тврд молив. Употребувајте многу тенки линии. Ова ќе биде внатрешната пупка на ружата.

how to draw rose bud

Чекор 2

Нацртајте го „отворот”„ на овој облик.

how to start drawing a rose

Чекор 3

Нацртајте мали ливчиња внатре.

how to draw small rose bud
how to draw small rose petals
how to draw rose bud step by step

Чекор 4

Затворете ги ливчињата во форма на срце - Ова ќе биде контурата на другите ливчиња.

how to continue drawing rose

Чекор 5

Поврзете ја контурата со остатокот од пупката, креирајќи форма на ливче.

rose sketching

Чекор 6

Уште едно срце...

simple rose drawing

... поврзано со пупката.

how to draw flowers simple way
how to sketch a rose quickly

Чекор 7

Нацртајте ја уште еднаш формата на срцето, но овој пат направете ја понередовна и поотворена.

how to draw beautiful rose

Кога линиите ќе се поврзат со пупката ќе се создаде ефект на длабочина, ако ги водите правилно.

how to draw rose petals

Чекор 8

Ни треба уште едно ливче на ова ниво. Ќе има покомплицирана перспектива, затоа гледајте внимателно:

how to draw flowers in perspective
how to sketch rose in perspective
how to draw rose petals in perspective

Чекор 9

Треба да ја ставиме пупката во внатрешноста на „чаша” од ливчиња. Прво направете ја од мали ливчиња.

how to add petals to a rose
how to draw a half blown rose

... потоа употребете поголеми.

how to add rose petals step by step

Чекор 10

Останатите ливчиња треба се повеќе и повеќе да се виткаат надолу.

how to sketch rose petals
how to finish rose petals

Чекор 11

Кога ќе завршите, притиснете посилно на линиите што сакате подобро да се гледаат, за да ја добиете финалната форма.

how to draw rose petals

Чекор 12

Земете помек молив и нијансирајте ги внатрешните делови на ружата. Прво цртајте полека...

how to plan shading rose

... потоа притиснете посилно за да добиете потемна нијанса.

how to shade rose

Чекор 13

Користете го истиот молив за малку да истакнете некои рабови на ливчињата.  Не цртајте насекаде по нив!

how to add dark shades to white rose

Чекор 14

Вратете се на тврдиот молив и употребете го за да додадете нежна текстура на осветлените делови. Колку е потемна ружата, толку потемни можете да ги направите тие делови.

how to shade a white rose

Чекор 15

Земете го најмекиот молив и со него завршете го нијансирањето, ставајќи го во најтемните пукнатинки.

how to draw a rose step by step

Прекрасно!

Нацртавте преубава ружа! Доколку сакате да ја објавите на интернет, прво погрижете се соодветно да ја подготвите снимката/фотографијата. Овие туторијали ќе ви помогнат со тоа:

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.