1. Design & Illustration
  2. Effects

Со користење на градиенти, до светло и сенка – и филџан за кафе!

by
Read Time:6 minsLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Во овој курс, ќе користиме неколку едноставни кругови и градиенти за да направиме филџан за кафе, гледан одозгора . Крајниот резултат не е толку корисен, но сепак процесот е интересен. 

Чекор 1

Ќе започнеме со убав пастелно син градиент.  Имајте на ум дека посветлиот дел од градиентот го поставив во горниот десен агол.  Ова е важно затоа што даваме впечаток дека светлината доаѓа од горниот десен агол и ова ќе одлучи во која насока треба да одат другите градиенти.

Одозгора нацртајте круг и обојте го со бела боја. 

Чекор 2

Потоа задржете Ctrl и кликнете на слојот за да ги селектирате сите пиксели, потоа изберете Select > Modify > Contract и искористете вредност од околу 12рх.

Чекор 3

Потоа во нов слој креирајте нежно, светло сив до бел линеарен градиент од горниот десен агол до долниот лев агол. 

Имајте на ум дека одиме во оваа насока, бидејќи тоа е спротивна на онаа од каде што доаѓа светлината.  Тоа е така затоа што темната сива нијанса ни дава определена сенка и создава 3D ефект.

Чекор 4

Потоа задржете Ctrl и изберете го задниот круг, а потоа задржете Alt и Ctrl за да го селектирате предниот круг. Ова треба да ви даде рамка како прстен, како што е прикажано.

Сега во овој прстен, нацртајте линиски градиент од долниот лев кон горниот десен агол. Ова повторно ќе создаде 3D изглед.  Во случај да не претпоставивте, ова е нашата тацна.

Чекор 5

Потоа креирајте слој на дното и притиснете на оригиналниот слој на кругот за да го изберете држејќи Ctrl, потоа притиснете ги стрелките надолу и лево неколку пати и пополнете го означениот дел со потемна сина за да направите сенка за нашата тацна.

Можете да забележите дека светлоста е горе и десно.

Чекор 6

Сега во најгорниот нов слој, притиснете Ctrl на слојот на прстенот и новиот слој пополнете го со бела боја.  Потоа, додека се уште е означен слојот, притиснете надолу и двапати лево и притиснете Delete.  Ова ќе остави малку бело осветлување.

Чекор 7

Сега кога ја завршивме тацната, може да започнеме со филџанот!

Правиме нов слој најгоре, цртаме помал круг внатре и го боиме со многу светло сива боја.

Ако не успеавте да го порамните вашиот круг, во ред е, само означете ги сите слоеви заедно, а потоа изберете ја стрелката (всушност алатката е наречена Move (V) во Photoshop, но веројатно ја знаете како обичната, стара стрелка), а на горниот дел на вашиот екран ќе ги забележите опциите за порамнување. Можете да ги користите истите за да ги порамните вашите кругови заедно.

Чекор 8

Сега, додека делот е се уште означен, направете нов слој и изберете Select > Modify > Contract и зададете вредност од 6 пиксели.  Потоа пополнете го тој слој со линиски градиент, од темно сива до светло сива боја од горниот десен до долниот лев агол.  Исто како со тацната, повторно ќе ги направиме сенките во согласност со местото од каде што доаѓа светлината во нашата слика.

Чекор 9

Сега во нов слој, нацртајте уште еден круг и пополнете го со линиски градиент од горниот десен до долниот лев агол, одејќи од темно кафено до светло кафено.  Како што споменавме претходно, можете да ги порамните формите со користење на алатките за порамнување на слоевите.

Не заборавајте дека е подобро да нацртате нов круг, затоа што ако премногу сте ги собрале селекциите на круговите ќе изгледаат чудно.  Ова е поради тоа што Photoshop користи пиксели наместо патека за кругот.

Чекор 10

Следно искористете ја Rounded Rectangle(U) алатката за да нацртате форма во новиот слој како што е прикажано.  Имајте на ум дека ги оставив патеките вклучени за да можам да го снимам она што е соодветно на екранот, но всушност вам ви е потребна само формата.

Чекор 11

Потоа изберете ја Burn Tool (O) алатката и со мека четка со средна големина, поминете по најблискиот раб до филџанот за кафе, за да добие сенка, како што е прикажно. Исто така, можете да нанесете малку сенка и на другата страна од формата, но запомнете дека во средината е светло.

Чекор 12

Сега изберете Edit > Transform > Perspective и обликувајте ја формата како што е прикажано. Ова ќе биде рачката на филџанот.

Чекор 13

Сега кликнете Ctrl на слојот со рачката за да ги изберете неговите пиксели, одберете Select > Modify > Expand и впишете вредност од 1px.  Потоа во слојот со рачката пополнете го означениот дел со бело.  Потоа притиснете Ctrl + D за да го отстраните означувањето, а потоа двапати притиснете ја стрелката за да ја поместите надесно.  Ова е само за да и дадеме на рачката малку бело осветлување.

Чекор 14

Сега кликнете Ctrl на слојот на рачката и во нов слој пополнете го означениот дел со темно сива боја. Потоа притиснете CTRL+T за да го преобликувате новиот слој како што е прикажано, за истиот да е под агол.  Потоа поставете го тој слој под слојот на рачката.

Чекор 15

Сега истовремено притиснете Ctrl и Shift и кликнете ги сите слоеви на филџанот за да ги селектирате сите пиксели заедно. Пополнете го тој слој со светло сива боја, како што е прикажано (Обратете внимание дека ги поместив налево и надолу за да бидат видливи). Осигурајте се дека овој слој е под сите слоеви на филџанот, но над слојот од тацната. Тоа е сенката на филџанот.

Чекор 16

Поставете го последниот слој на Multiply и 30%, потоа притиснете Ctrl+T за да го преобликувате слојот и малку да го ротирате, како што е прикажано.

Чекор 17

На крајот ќе додадеме малку пареа. Креирајте нов слој најодозгора и со голема мека четка нацртајте фигури со малку бела боја во различни облици, како што е прикажано.

Чекор 18

Сега одете на Filter > Distort > Wave за да ја претворите белата боја во облик на чад. Јас и не го разбирам многу овој филтер и обично се занимавам со поставките, додека не го добијам ефектот кој го барам. Ова обично вклучува неколку обиди и грешки и многу притискања по копчињата! Жал ми е што немам подобро објаснување за тој чекор. За среќа алатката за бранови е толку корисна, што е најверојатно добро за вас да се позанимавате малку и да научите како функционира.

Чекор 19

На самиот крај поставете го нашиот нов слој на чад во Overlay за да изгледа малку посуптилно и ќе завршите!

Како што споменав на почетокот, резултатот од овој курс не е особено корисен, но е интересен експеримент за светлината и сенката, кои се корисни работи за да ги научите за ваше општо знаење.

One subscription.
Unlimited Downloads.
Get unlimited downloads