Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Web Design
Design

Брз совет: Како да креирате Навигациско Мени во Adobe Illustrator

by
Difficulty:BeginnerLength:ShortLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Dejan Stojanoski (you can also view the original English article)

Во следниот туториал вие ќе научите како да направите убаво навигациско мени.

Чекор 1

Креирајте документ со димензии 630 X 190px. Прво уклучете Grid (View > Grid)и Snap to Grid (View > Snap to Grid). Сега ќе ни треба Grid на секои 10px. Одете на Edit > Preferences > Guides & Grid, внесете 10 во Gridline every box и 1 во Subdivision box. Вие исто така можете да ја отворите и Info панелата (Window > Info) за подобар преглед врз големината и позицијата на вашите форми. Не заборавајте да ја подесите мерната единица во пиксели од Edit > Preferences > Unit > General. Сите овие опции значително ќе ја забрзаат вашата брзина на работа.


Чекор 2

Креирајте Rounded Rectangle со димензии 610 на 50px и радиус на аглите 4.5px. Пополнете ја добиената форма со линеарен градиент што е прикажан подолу на сликата.

Ако погледните подобро на сликите со градиентите, ќе забележите бел текст. Тој ја прикажува локацијата на слајдерите. Прво селектирајте ги средните слајдери и поставете ја нивната локација на 25%, потоа селектирајте ја формата лево, што личи на дијамант (Midpoint) и поставете ја исто така на 25%. На крај додадете сенка на Effect > Stylize > Drop Shadow. Ставете ги податоците прикажани на последната слика, потоа кликнете  на OK.


Чекор 3

За следните чекори ќе ви треба Grid на секој 1px. Отворете на Edit > Preferences > Guides & Grid и внесете 1 во Gridline every box. Со Pen Tool (P) нацртајте вертикална патека со висина 56px. Ставете црна боја во Stroke-от на оваа патека, за да можете полесно дa ја препознаете. На крај поставете ја 101px десно од левата страна на заоблениот правоаголник.


Чекор 4

Следно нешто што треба да направите се два тенки и високи правоаголници. Креирајте го првиот (1 на 50px) и поставете го лево од вертикалната патека. Направете копија од оваа форма и поместете ја 1px кон десно. Вратете се кај формата лево, селектирајте ја и пополнете ја со првиот линеарен градиент. Повторно погледнете подобро на сликата со градиентите и ќе забележите жолт текст. Тоа е процентот на проѕирност (Opacity). Селектирајте ја формата што е десно и пополнете ја со втор линеарен градиент (во Appearance панелата). Одново селектирајте ги двете форми креирани во овај чекор и групирајте ги. За момент направете ја оваа група невидлива.


Чекор 5

Вратете се кај вертикалната патека. Селектирајте ја и одете на Effect > Distort & Transform > Transform. Внесете 4 во Copies кутијата и 102 во Move > Horizontal box. Кликнете OK, потоа одете на Object > Expand Appearance. Вие ќе добиете група од 5 вертикални патеки.

Дуплирајте го заоблениот правоаголник. Селектирајте ја оваа копија заедно со групите од вертикални патеки и кликнете на копчето Divide од Pathfinder панелата. Ова ќе го подели вашиот правоаголник на 5 различни форми. Селектирајте ја секоја форма и избришете го Drop Shadow ефектот од Appearance панелата.


Чекор 6

Сега фокусирајте се на една од формите направени во претходниот чекор. Јас ја одбрав таа што е најлево. Таа би требала да е веќе пополнета со линеарниот градиент, кој што го спомнавме во вториот чекор Селектирајте го овај Fill и сменете ја бојата од постоечкиот градиент со бои што се прикажани во првиот градиент. Потоа одете на Appearance панелата, отворете го нејзиното мени и кликнете на Add New Fill. Ова ќе додаде втор Fill (боја во внатрешноста) за вашата селектирана форма.

Селектирајте го овај нов Fill (од Appearance панелата),користете радиален градиент каков што е прикажан подолу на втората слика и сменете го неговиот Blending Mode во Overlay. Додадете трет Fill и направете го црн. Намалете ја неговата проѕирност (Opacity) на 5%, сменете го Blending Mode-от во Multiply, потоа одете на Effect > Artistic > Film Grain. Внесете ги податоците прикажани подолу, потоа кликнете ОК.


Чекор 7

Селектирајте ја формата што ја уредувавме во претходниот чекор и одете на Effect > Path > Offset Path. Внесете -2px Offset и кликнете OK. Селектирајте ја добиената форма, избришете ги сите Fill-ови, додадете 0.5px бел, навнатре подреден Stroke и сменете го неговиот Blending Mode во Overlay.


Чекор 8

Додадете ист ефект на останатите форми и не заборавајте на Stroke-от. Вие треба да креирате посебен слој (Layer) за секоја сина форма. На овај начин би било полесен за вас да управувате со изгледот на менито.


Чекор 9

Направете ја видлива групата што ја направивте во четвртиот чекор. Поместете ја на врвот од Layers панелата. Намалете ја нејзината проѕирност (Opacity) на 80%, потоа одете на Effect > Distort & Transform > Transform. Внесете ги податоците прикажани подолу, потоа кликнете ОК.


Чекор 10

На крај, текстот. Прво треба да спуштите Quigley Wiggley font. Потоа со Type Tool (T) додадете го вашиот текст како што е прикажано на сликата. Expand-ирајте го текстот (Object > Expand), потоа селектирајте ги добиените форми и кликнете на Unite копчето од Patfinder панелата. Ако добиете повеќе од една форма после Unite опцијата, одете на Object > Compound Path > Make.


Чекор 11

Следно што ви треба е да го подредите текстот. Почнете со "home". Кликнете на Selection Tool (V). Селектирајте ја текст формата заедно со сината форма, кликнете на сината форма уште еднаш за да ја направите клучен објект (Key Object) и подредете го текстот во Align панелата. Повторете ја истата техника и за останатиот текст.


Чекор 12

Сега треба да додадеме некој ефект за текстот. Прво за сината верзија. Селектирајте ја текст формата и пополнете ја со линеарен градиент што е прикажан подолу на сликата. Селектирајте го Fill-от (од Appearance панелата) и одете на Effect > Stylize > Inner Glow. Внесете ги податоците кои што се прикажани подолу и кликнете ОК. Потоа, додадете втор Fill и поместете го под постоечкиот. Селектирајте го, пополнете го со R=52 G=160 B=230, потоа одете на Effect > Distort & Transform > Transform. Внесете ги податоците прикажани подолу и кликнете ОК. Сега вашиот текст треба да изгледа како на сликата подолу.


Чекор 13

Сега сивата верзија. Не мора да бришите, или додавате било каков ефект. Се што ви треба е да ги уредите постоечките Fill-ови. Селектирајте го горниот Fill и заменете го постоечкиот градиент со тој што е прикажан подолу, потоа селектирајте го долниот Fill и заменете ја бојата на Fill-от со таа што е прикажана подолу. На крај вашиот текст треба да изгледа како на сликата подолу.


Чекор 14

На крај направете сина и сива верзија за секоја текст форма и готови сте.


Заклучок

Тука имате лесен начин да направите навигациско мени. Уште еден совет, зачувајте ги вашите стилови, за да можите да ги додавате на други елементи кои можеби ќе ви требаат, како што се икони и форми. Се надевам дека уживавте во овај туторијал.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.