Unlimited PS Actions, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Winter
Design

Како да креирате илустрација од скандинавски ракавички во Adobe Illustrator

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Final product image
What You'll Be Creating

Во овој курс ќе научите како да креирате пар скандинавски ракавички. Ова со сигурност ќе ве затопли во зима! Ќе користиме основни форми, ефекти и алатки.

Овој курс е поделен на делови за да на почетниците им биде полесно. Првиот дел од овој курс ќе ви покаже како да креирате едноставни ракавички. Вториот дел ќе ви покаже како да ги декорирате ракавичките. Третиот дел од овој курс ќе ви покаже како да ги довршите ракавичките и како да креирате позадина. Ако имате користено Adobe Illustrator претходно, ова би требало да биде лесно за вас.

За повеќе инспирација, пребарајте на GraphicRiver за слични слики и сигурно ќе почувствувате зимско расположение.

Па, без одовлекување, да започнеме! 

1. Како да креирате едноставни ракавици

Чекор 1

По отворањето на Adobe Illustrator, направете нов документ со висина и ширина од 850рх

Да започнеме со креирање на светло сив правоаголник со помош на Rectangle Tool (M). Подесете ја бојата на внатрешноста како што е прикажано на сликата подолу. Потоа, користејќи го Rounded Rectangle Tool, направете светло сив правоаголник со заоблени агли. Сега, ротирајте го правоаголникат за 45 степени. За да го направите тоа, селектирајте го и додека притискате Shift вртете го. За следниот чекор, наместете ги двете форми така што ќе се поклопуваат онака како што е прикажано на сликата подолу.

creating the basic mitten

Чекор 2

Додадете нов правоаголник со заоблени агли и поставете го над обичниот правоаголник. Сега, да го подесиме  правоаголникот со заоблени агли. Ќе го користиме Fish ефектот: додека е селектиран правоаголникот со заоблени агли, изберете Effect > Warp > Fish и внесете ги подесувањата дадени подолу.

creating the cuff

Чекор 3

За да додадете дискретна сенка, креирајте елипса во потемно сива боја и поставете ја позади основниот правоаголник (Control-X, Control-B) со тоа што десната страна на правоаголникот ќе биде видлива. 

Потоа креирајте уште еден правоаголник со заоблени агли, сосем малку ротирајте го налево поставете го зад сите креирани форми (Control-X, Control-B). Ова е прстот на ракавичката.  За да го добиете овој правоаголник со многу заоблени агли, креирајте мал, класичен правоаголник со заоблени агли, а потоа развлечете го. Можете да одите и во View > Show Corner Widget и да ги преобликувате аглите со повлекување навнатре.

Обединете ги овие три форми (основниот правоаголник и двата правоаголници со заоблени агли над и под основниот правоаголник) со нивно селектирање и притискање на копчето Unite на прозорецот Pathfinder (Window > Pathfinder). Внимавајте, потемно сивата елипса треба да е одделена од прстот во групата. 

Едноставната ракавичка е готова!

creating the finger of the mitten

2. Како да ги креирате декорациите за ракавичката

Чекор 1

Со користење на Rectangle Tool (M), направете многу тесен сив правоаголник. Држејќи ги копчињата Shift и Alt, поместете го овој темен правоаголник на десно за да добиете негова копија. Притиснете Ctrl-D и ќе добиете уште една копија на овој правоаголник на десно, на исто растојание како она помеѓу првиот и вториот.  Продолжете да притискате Ctrl-D се додека не го исполните целиот горен дел на ракавичката со ленти како што е прикажано на сликата подолу. 

continue creating the cuffs

Чекор 2

За да создадете декоративен елемент, започнете со син правоаголник. Потоа, нацртајте две линии на правоаголникот користејќи Line Segment Tool (\) како што е прикажано подолу. Не заборавајте да ја отстраните бојата од внатрешноста и да ставите било каква боја на надворешната линија. Бојата и дебелната на овие линии не се важни. 

Сега, означете го правоаголникот и двете линии и притиснете го Divide копчето на делот Pathfinder. Потоа, десен клик со глувчето на полето Ungroup. Вашиот правоаголник ќе биде поделен на три дела на местата каде што ги поставивте линиите. На крај, избришете го горниот и долниот дел на правоаголниците. 

creating the first element of the decorative flower

Чекор 3

Да направиме рефлексија како во огледало на формата од претходниот чекор: додека ни е означена формата, десен клик со глувчето на Transform > Reflect.  Штом ќе го добиете полето за опции, означете го Axis Vertical со агол 90 степени и притиснете на Copy. Поместете го другиот дел надесно.

Групирајте ги заедно овие две форми (десен клик > Group). Потоа кликнете на Copy. За да го завршите цветот кликнете двапати на Control-D.

forming the decorative flower

Чекор 4

Поставете го цветот на средината на ракавичката. Направете помала копија на цветот и сместете го од лево на поголемиот цвет. Внимавајте, држете Shift за да го скалирате цветот рамномерно.

За да направите втора копија на цветот, држете ги заедно копчињата Shift и Alt и поместете ја помалата копија на десно. На крајот, треба да имате еден голем и два помали цвета.

placing the decorative flowers

Чекор 5

Ајде да креираме снегулка. Ќе започнеме со креирање на многу тесен вертикален правоаголник. На горниот дел на правоаголникот, поставете круг: за рамномерен круг, користете Elipse Tool (L) додека притискате на копчето Shift.

Сега, креирајте мал правоаголник. Додека држите на копчето Shift, ротирајте го за 45 степени. Потоа, креирајте мал круг и прикачете го на врвот на ротираниот правоаголник како што е прикажано подолу. Групирајте го ротираниот правоаголник и малиот круг заедно (right-click > Group) и направете вертикална копија на оваа група: додека групата е означена, десен клик со маусот на Transform > Reflect, селектирајте Axis Vertical, агол од 90 степени и притиснете Copy.  Поместете ја копијата на групата надесно.

Означете ги вашите создадени форми и повторно десен клик со маусот на Transform > Reflect, селектирајте Axis Vertical, агол од 90 степени и притиснете Сору. Поместете ги создадените копии надолу.

Кога ќе ја имаме основата на снегулката, групирајте ги сите делови заедно и додека ви се означени, притиснете Rotate Tool (R).  Потоа, притиснете Enter и внесете агол од 45 степени во прозорецот за опции и притиснете Copy. За да ја завршите снегулката, притиснете Ctrl-D повеќе пати.

creating the decorative snowflake

Чекор 6

Поставете ја снегулката под цветовите. Потоа, селектирајте ја и држејќи на копчињата Shift и Alt, повлечете ја горе над цветот. На овој начин, ќе креирате втора копија на снегулката, која ќе биде вертикално порамнета.

placing the decorative snowflake

Чекор 7

Сега, креирајте елипса која треба да биде иста боја како и сите детали. Означете ја Convert Anchor Point Tool (Shift-C) и кликнете на десната аnchor(контролна) точка на елипсата.  Потоа означете ги горната и долната anchor точка на елипсата користејќи Direct Selection Tool (A). Поместете ги кон лево. На крајот ќе добиеме форма на ливчиња.

Ротирајте ја оваа форма на десно. Поставете син круг на левата страна од формата налик на ливче. Сега, направете хоризонтална копија од формата налик на ливче исто како што направивте и со вертикалната копија, но овој пат, направете хоризонтална.

Потоа треба да ги селектираме овие три форми и додека држиме на копчињата Shift и Alt, повлечете ги надесно.  На овој начин, ќе креирате втора копија на групата, хоризонтално порамнета. Конечно, притиснете Control-D десет до дванаесет пати за да добиете дезен во права линија.

creating the decorative line

Чекор 8

Означете го целиот дезен и групирајте ги сите детали заедно. Додека оваа група ви е означена, ротирајте ја за 45 степени додека држите на копчето Shift. Потоа направете вертикална копија на линијата. Поместете ја ново направената линија надесно.

Сега селектирајте ги линиите заедно и направете хоризонтална рефлексија. Поместете ја креираната копија надолу.

creating the shape from decorative lines

Чекор 9

Поставете го дезенот околу горната снегулка на ракавичката. Направете го истото и за долната снегулка. За средината, поставете ја формата на дијамант во средина.  Бидејќи е многу мала за да биде околу сите три цветови, означете ги двете линии од десно и поместете ги уште надесно. Направете го истото и за двете леви линии од дезенот во форма на дијамант. На крај, поставете една хоризонтална линија од дезен на врвот на ракавичката.

placing the decorative shapes

Чекор 10

За пуфкастите топчиња, направете два сини круга. Трансформирајте ги со тоа што ќе изберете Effect > Distort and Transform > Roughen. Може да манипулирате со опциите за ефектот (Size and Detail) за да постигнете ефект кој ќе ве задоволи.  За да ги поврзетебпуфкастите топчиња со ракавичката, направете два лака користејќи ја Arc Tool, но не заборавајте да ја избришете бојата на внатрешноста и да ја поставите бојата на околната линија.

creating the pompoms

3. Како да ја направите позадината и да ги довршите ракавичките

Чекор 1

Направете вертикална рефлексија на целата ракавичка. Ротирајте ги двете копии благо кон центарот и поставете ги како што е прикажано подолу. Сега ќе ги поврземе со врвка. Да започнеме со креирање на крива користејќи Pencil Tool (N). Внимавајте да немате боја на внатрешноста, а да имате боја на околната линија.

Полесно е ако можете да ја гледате целата работна површина (Ctrl-). За да го направите делот со цртање уште полесен, притиснете двапати на Pencil Tool и поместете го лизгачот на Smooth и притиснете OK

creating the connecting rope

Чекор 2

За позадината, креирајте квадрат во светло сина боја, зад ракавичките, со 850рх ширина и висина. За да направите квадрат, изберете Rectangle Tool (M), притиснете на вашата работна површина и внесете ги опциите.

creating the background

Чекор 3

За да ја довршите илустрацијата, направете неколку копии од снегулките, скалирајте ги и променете ја нивната боја во светло сива (истата боја како внатрешноста на основата од ракавичките).  За да ја земете бојата од ракавичките, користете ја Eyedropper Tool (I) алатката. Распоредете ги снегулките на вашата илустрација. Завршивте!

adding the snowflakes

Одлична работа!

Сега сме подготвени за ладната зима! Се надевам дека уживавте во овој курс и научивте некои корисни алатки за вашите идни илустрации. Со овие ракавички, со сигурност веќе никогаш нема да ви застуди! 

final image
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.