Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Еднаш, многу одамна на замрзнатиот Артикт живееше поларна мечка. Таа стоеше сама на глечер, чекајќи риба...
Денес, ќе научите како да го создадете ова животно во Adobe Illustrator. Доколку сакaте да добиете повеќе инспирација, тогаш погледнете на GraphicRiver. Таму ќе најдете голем број прекрасни слики од поларни мечки!
Некои од сликите таму можеби изгледаат сложени, но сега ќе ви покажам како да креирате поларна мечка користејќи
основни форми. Исто така ќе користиме Wrap effects и Pen Tool. За безгрижно да го користиме Pen Tool ќе користиме Smart Guides, кои ќе ни бидат од помош.
Да започнеме!
1. Како да создадеме сценарио
Чекор 1
По отворањето на нов документ (850 х 850 рх ширина и должина), ќе започнеме со креирање на позадината. Да направиме син квадрат: селектирајте го Rectangle Tool (M) и кликнете на вашата работна маса. Внесете 850рх висина и ширина и притиснете ОК. Изберете ја бојата на внатрешноста како што е прикажано на сликата подолу.

Чекор 2
Потоа ќе додадеме потемен син правоаголник на долниот дел од сликата. Селектирајте ја позадината и направете копија пред позадината: Притиснете Control-C а потоа Control-F. Потоа, со користење на Selecion Tool (V) насочете ја надолу. Променете ја бојата во внатрешноста. Ова ќе биде ледениот океан!

Чекор 3
Сега ќе креираме слика со планини. За да започнеме со цртањето на планината ќе го користиме Pen Tool (P). Селектирајте го Pen Tool(P) и одберете ја посакуваната боја на линијата, а внатрешноста нека остане безбојна. Бојата ќе ја промениме подоцна, па затоа за почеток одберете било каква боја на линијата.
Сега, едноставно притиснете на вашата работна маса. Ќе видите како точките ќе се поврзат со линијата.

Штом ќе го допрете почетокот на фигурата (првата anchor точка), ќе видите малото крукче, во близина на Pen Tool (L). Додека го гледате ова крукче, притиснете на првата
anchor точка, за да ја затворите фигурата. Ако никогаш досега не сте ја користеле оваа алатка, тогаш би ви препорачал да ја пробате и да видите како работи.

Само што ќе ја затворите фигурата, ќе можете да ја промените нејзината боја во потемно сина и да ја тргнете бојата на линијата.

Чекор 4
Во овој чекор ќе продолжиме да работиме на сликата со планина. Но, за да бидеме попрецизни во цртањето на линиите, мораме да го подготвиме Smart Guides. Па, ќе одбереме View > Smart Guides (Control-U). Селектирајте ја Pen Tool (P) алатката и направете го посветлиот дел од планината.

Направете го истото со сите други планини. Обидете се да завршите со резултат сличен на оној прикажан подолу.

Чекор 5
Користејќи ја истата техника, направете уште една група од потемно сини фигури.Треба да го имате овој редослед: светло син дел, среден син дел и потоа темен син дел за секоја планина.
Ова ќе бидат нашите планини!

Чекор 6
На крај користејќи ја Pen Tool (P) алатката, креирајте глечер во подножјето на сликата, каде што ќе се наоѓа нашата мечка. Smart Guides ќе ви помогне да не излегувате од границата на позадината.

Чекор 7
Сега ќе создадеме неколку облачиња! За да го направиме тоа, креирајте повеќе правоаголници, а потоа поставете ги заедно. Сега, направете уште облачиња за да завршите.

Чекор 8
За да го измазните обликот на облачињата, селектирајте еден од правоаголниците и обединете ги сите што го конструираат облакот со притискање на Unite копчето на Pathfinder прозорецот (Window > Pathfinder). За да ја измазните формата на облачињата, селектирајте ги сите и изберете Effect > Stylize > Round Corners… Во ново прозорче впишете радиус од 10 px.
Само што креиравме место за живеење на нашата поларна мечка!

2. Како да ја креирате поларната мечка
Чекор 1
За да ја креираме мечката, ќе започнеме со формирање на обликот на телото. Користејќи ја Rounded Rectangle алатката, направете бел правоаголник со заоблени агли. За да добиете правоаголник со многу заоблени агли, најпрво направете мал правоаголник со заоблени агли ипотоа развлечете го. Или може да одите до View > Show Corner Widget и да ги модификувате краевите со влечење навнатре.

Чекор 2
Сега креирајте помал бел правоаголник со заоблени рабови и прикачете го на горната лева страна до поголемиот заоблен правоаголник. Ова е главата. За да креирате око, додадете темно сива или црна елипса, користејќи ја Ellipse Tool (L) алатката.

Чекор 3
За вратот, додадете бел правоаголник и поставете го помеѓу главата и телото. Потоа, користејќи ја Direct Selection Tool (A) алатката, тргнете ги појдовните точки за да ги поврзете главата и телото.

Чекор 4
Сега ќе ги додадеме ушите. Креирајте три елипси- две големи и една помала елипса- и поставете ги како што е подолу прикажано. Променете ја бојата на внатрешноста на левата и средната овална форма за да ги наравите малку потемни. Внимавајте левото уво да остане зад главата (Control-X, Control-B).

Чекор 5
За муцката, креирајте уште еден правоаголник со заоблени рабови и прикачете го на левата страна од главата.

Потоа ќе ја промениме формата, користејќи го Warp Effect: изберете Effect > Warp > Arc и прилагодете ги потребните опции. Проширете ја формата: селектирајте и изберете Object > Expand Appearance.

Чекор 6
Сега ќе креираме нос од елипса. Конструирајте црна елипса и со користење на Direct Selection Tool (A) алатката поместете ги нагоре левите и десните појдовни точки.

Прикачете го носот на муцката на мечката.

Чекор 7
За опашката, креирајте друга мала елипса. Прикачете ја на горната десна страна од телото и свртете ја налево, како што е прикажано подолу на сликата.

Чекор 8
Сега ќе ги креираме нозете на мечката. Најпрво, конструирајте бел правоаголник со заоблени агли. Потоа променете ја формата: одберете Effect > Warp > Arch, а потоа внесете ги опциите наведени подолу. Проширете ја оваа форма (Object > Expand Appearance).

Прикачете ја ногата на телото.

Чекор 9
За шепата, направете мала, бела елипса. Сега ќе го исечеме долниот дел од елипсата. За формата со која што ќе сечете, креирајте правоаголник со било која боја на внатрешноста. Внимавајте, овој правоаголник треба да го преклопува долниот дел на елипсата. Додека овие две форми се означени, притиснете го Minus Front копчето на Pathfinder прозорецот. Ќе ја добиеме само горната половина од елипсата.

Прикачете ја оваа форма на долниот дел од ногата, како шепа. Задната нога е готова!

Чекор 10
Направете копија на ногата и прикачете ја на десниот дел од телото како предна нога.

Чекор 11
Сега направете копија на предната и задната нога, која ќе биде поставена назад (Control-C, Control-B). Направете ги потемни (користете ја Eyedropper Tool (I) алатката за да ја превземете истата боја како потемното уво) и дискретно поместете ги нозете кон лево.
Внимавајте, новите потемни нозе треба да бидат зад целото тело.
Нашата мечка е готова!

Заклучок
Завршивте! Одлична работа. Се надевам дека се навикнавте на комплицираниот Pen Tool и отсега многу ќе го користите или можеби веќе знаете како да го користите па ова ви е одлична вежба. Како и да е, среќен сум што бевте заедно со мене во текот на целиот курс!
Се гледаме следниот пат!

Subscribe below and we’ll send you a weekly email summary of all new Design & Illustration tutorials. Never miss out on learning about the next big thing.
Update me weeklyEnvato Tuts+ tutorials are translated into other languages by our community members—you can be involved too!
Translate this post