Unlimited PS Actions, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Photo Manipulation
Design

Како да создадете ефект на светкаво дрво со Photoshop 

by
Difficulty:IntermediateLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Final product image
What You'll Be Creating

Во ова упатство ќе научите како да создадете неверојатен ефект на блескави светки. Ќе се обидам да објаснам сè во детали, така што секој ќе може да го создаде, дури и оние кои го отворија Photoshop за прв пат.

Ефектот прикажан погоре е оној за којшто ќе ви ја покажам процедурата во ова упатство. Ако сакате да го создадете долуприкажаниот и уште понапреден ефект на светки, со само еден клик и за неколку минути, тогаш погледнете ја мојата Christmas Photoshop Action.

Action final result

Што ќе ви биде потребно

За создавње на горенаведениот дизајн, ќе ви треба следната фотографија:

1.   Да почнеме

Чекор 1

Прво, отворете ја фотографијата со која сакате да работите За да ја отворите, одете во File > Open, изберете ја вашата фотографија и кликнете на Open. Пред да почнеме, направете мала проверка: 

  1. Вашата фотографија треба да биде во RGB Color режим, поставена на 8 Bits/Channel. За да го проверите ова, одете во Image > Mode.
  2. За најдобри резултати, големината на фотографијата треба да биде помеѓу 2000-4000 пиксели ширина/висина. (wide/high) За да го проверите ова, одете на Image > Image Size.
  3. Фотографијата би требало да ви биде Background слој. Ако не е, одете во Layer> New> Background from Layer.
Checking image size and mode

Чекор 2

Сега ќе ја скратиме сликата за да отстраниме дел од просторот на лево. Изберете ја алатката Crop Tool (C) и трансформирајте ја Crop Box како што е прикажано подолу:

Cropping image

2. Како да создадете светки

Чекор 1

Во овој дел, ќе создадеме светки. Одете во Layer> New> Layer за да креирате нов слој и именувајте го Temp_1.

Creating a new layer

Чекор 2

Сега притиснете на тастатурата за да ги ресетирате палетите. Потоа, одете во Edit > Fill  и поставете ги Contents на Foreground Color, Mode на Normal и Opacity на 100% како што е прикажано подолу:

Filling layer

Чекор 3

Сега одете во Filter > Pixelate > Mezzotint и поставете Type во Coarse Dots како што е прикажано подолу:

Adding mezzotint filter

Чекор 4

Одете во Select > Color Range и со помош на алатката Eyedropper Tool, одберете ја белата боја со кликање на некои бели честички на вашата слика. Поставете Fuzziness на 200, одете во Select > Select and Mask и одберете ги следните поставки:

Making and refining the selection

Чекор 5

Сега скријте го овој слој, одете во Layer> New> Layer за да создадете нов слој и именувајте го Temp_2.

Creating a new layer

Чекор 6

Поставете ја foreground бојата до #ffffff, одете во Edit > Fill и поставете Contents на Foreground Color, Mode на Normal и Opacity до 100% како што е прикажано подолу. Потоа, притиснете Control-D на тастатурата за да го откажете изборот.

Filling selection

Чекор 7

Сега десен клик на слојот Temp_1 и одберете Delete Layer.  Потоа, одберете го слојот Temp_2 и притиснете Control-J на тастатурата за да го дуплирате овој слој. Потоа, одете на Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот на 2.5 px како што е прикажано подолу:

Adding gaussian blur filter

Чекор 8

Притиснете Control-J на тастатурата за повторно да го дуплирате овој слој, одете на Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот до 5 px како што е прикажано подолу.  Потоа, повторно притиснете Control-J на тастатурата, одете во Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот на 9.5 px како што е прикажано подолу: 

Adding gaussian blur filter

Чекор 9

Сега притиснете Control-J на тастатурата двапати за да го дуплирате овој слој.  Потоа, одете во Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот на 55 px како што е прикажано подолу:

Adding gaussian blur filter

Чекор 10

Притиснете Control-J на тастатурата двапати повторно за да го повторите овој слој уште два пати. Потоа, Shift-click на слојот Temp_2 за да ги изберете сите слоеви помеѓу, а потоа притиснете Control-E за да ги споите во еден слој.

Merging layers

Чекор 11

Притиснете Control-J на тастатурата за да го дуплирате овој слој, одете на Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот до 7 px како што е прикажано подолу. Потоа, повторно притиснете Control-J на тастатурата, одете во Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот на 28 px.

Adding gaussian blur filter

Чекор 12

Сега Shift-click на слојот Temp_2 copy 7 за да ги изберете сите слоеви помеѓу нив и притиснете Control-E на тастатурата за да ги споите во еден слој. Потоа, именувајте го овој слој Sparkles_1.

Merging layers

Чекор 13

Сега ќе додадеме повеќе светки. Одете во Layer> New> Layer за да создадете нов слој и именувајте го Temp_1.

Creating a new layer

Чекор 14

Поставете ја foreground бојата до # 000000, одете во Edit > Fill и поставете Contents на Foreground Color, Mode на Normal и Opacity на 100% како што е прикажано подолу:

Filling layer

Чекор 15

Сега одете во Filter > Pixelate > Mezzotint и поставете Type на Coarse Dots како што е прикажано подолу:

Adding mezzotint filter

Чекор 16

Одете во Select > Color Range и со помош на алатката Eyedropper Tool , одберете ја белата боја со кликање на некои бели честички на вашата слика. Поставете Fuzziness на 200, одете во Select > Select and Mask и одберете ги следните поставки:

Making and refining the selection

Чекор 17

Сега скријте го овој слој, одете во Layer> New> Layer за да создадете нов слој и именуваје го Temp_2.

Creating a new layer

Чекор 18

Поставете ја foreground бојата на  #ffffff, одете во Edit > Fill и поставете Contents на Foreground Color, Mode на Normal, и Opacity на 100% како што е прикажано подолу. Потоа, притиснете Control-D на тастатурата за да го откажете изборот.

Filling selection

Чекор 19

Сега десен клик на слојот Temp_1 и одберете Delete Layer.  Потоа, одберете го слојот Temp_2 и притиснете Control-J на тастатурата за да го дуплирате овој слој.  Потоа, одете на Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот на 2.5 px како што е прикажано подолу:

Adding gaussian blur filter

Чекор 20

Притиснете Control-J на тастатурата за повторно да го дуплирате овој слој, одете на Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот на 5 px како што е прикажано подолу.  Потоа, повторно притиснете Control-J на тастатурата, одете во Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот на 9.5 px како што е прикажано подолу:

Adding gaussian blur filter

Чекор 21

Сега притиснете Control-J на тастатурата за двапати да го дуплирате овој слој. Потоа, одете во Filter> Blur> Gaussian Blur и поставете го радиусот на 55 px како што е прикажано подолу:

Adding gaussian blur filter

Чекор 22

Притиснете повторно Control-J на тастатурата двапати за да го дуплирате овој слој уште два пати. Потоа, Shift-click на Temp_2 за да ги изберете сите слоеви помеѓу, а потоа притиснете Control-E за да ги споите во еден слој.

Merging layers

Чекор 23

Именувајте го овој слој Sparkles_2 и повлечете го веднаш под слојот Sparkles_1 во Layers панелот.

Arranging layers

Чекор 24

Сега Control-click на слојот Sparkles_1 за да ги изберете двата слоја истовремено. Потоа, одете во Layer> New> Group from Layers за да создадете нова група од избраните слоеви и именувајте ја како Sparkles.

Creating new group from layers

Чекор 25

Одете во Layer> Layer Mask> Hide All за да додадете маска на слој што ќе ја прикрие целата папка од слоеви.  Потоа, поставете ја foreground бојата на #ffffff, одберете ја алатката Brush Tool (B) и изберете мека четка. После тоа, четкајте ги областите каде што сакате да се појават светки.

Brushing into mask

3. Направете ги конечните прилагодувања

Чекор 1

Во овој дел, ќе направиме финални прилагодувања на дизајнот. Одете во Layer> New Adjustment Layer> Curves за да создадете нов слој за прилагодување на облините и именувајте го Color_1.

Creating new curves adjustment layer

Чекор 2

Сега со двоен клик врз сликичката на овој слој и во Properties панелот користете ги поставките подолу:

Adjusting curves

Чекор 3

Одете во Layer> New Adjustment Layer> Balance за да создадете нов слој за прилагодување на балансот на бојата и именувате го Color_2. Потоа, повлечете го овој слој веднаш под слојот Color_1 во Layers панелот.

Creating new color balance adjustment layer

Чекор 4

Сега со двоен клик врз сликичката на овој слој и во Properties панелот користете ги поставките подолу:

Adjusting color balance

Чекор 5

Одете до Layer> New Adjustment Layer> Curves за да создадете нов слој за прилагодување на облините и именувајте го Color_3. Потоа, повлечете го овој слој веднаш под слојот Color_2 во Layers панелот.

Creating new curves adjustment layer

Чекор 6

Сега со двоен клик врз сликичката на овој слој и во Properties панелот користете ги поставките подолу:

Adjusting curves

Чекор 7

Изберете ја сликичката на слојот Color_1 и притиснете D на тастатурата за да ги ресетирате палетите. Потоа, одете во Layer> New Adjustment Layer> Gradient map за да создадете нов слој за прилагодување на gradient map и именувајте го како Overall Contrast.

Creating new gradient map adjustment layer

Чекор 8

Сега променете го Blending Mode на овој слој во Soft Light и поставете Opacity на 19%.

Changing blending mode and opacity

Чекор 9

Одете во Layer> New Adjustment Layer> Hue / Saturation за да создадете нов слој за прилагодување на боја и заситеност и именувајте го Overall Saturation.

Creating new hue and saturation adjustment layer

Чекор 10

Сега со двоен клик врз сликичката на овој слој и во Properties панелот користете ги поставките подолу:

Adjusting saturation

Чекор 11

Одете во Layer> New Adjustment Layer> Levels за да креирате слој за прилагодување на нивоа и именувајте го Overall Brightness.

Creating new levels adjustment layer

Чекор 12

Сега со двоен-клик врз сликичката на овој слој и во Properties панелот користете ги поставките подолу:

Adjusting levels

Чекор 13

Притиснете Control-Alt-Shift-E на тастатурата за да направите снимка од екранот, а потоа притиснете Control-Shift-U за да направите незаситеност на овој слој. Потоа, одете во Filter > Other > High Pass и поставете го радиусот до 2 px како што е прикажано подолу

Adding high pass filter

Чекор 14

Именувајте го овој слој Overall Sharpening и промените го Blending Mode на Hard Light.

Changing blending mode

Успеавте!

Честитки! Еве го нашиот конечен резултат:

Final result

Ако сакате да го создадете долуприкажаниот и уште понапреден ефект на светки, со само еден клик и за неколку минути, тогаш погледнете ја мојата Christmas Photoshop Action.

Акцијата функционира така што само ќе четкате каде што сакате да создадете ефект и кликнете play. Акцијата ќе стори сé за вас за неколку минути, давајќи ви резултат организиран во слоеви коишто можете да ги прилагодите. Акцијата, исто така, ќе создаде 20 претходно избрани бои од кои можете да изберете.

Акцијата доаѓа со детален видео туторијал кој покажува како да се користи акцијата и да се прилагодат резултатите за да се извлече максимумот од ефектот.

Action final result
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.