Како да направите манипулација на слика со шума од соништата со помош на Adobe Photoshop
Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Во ова упатство ќе ви покажам како да направите сцена на шума од соништата која се карактеризира со мирна шума со фенери, користејќи фото-манипулациски техники во Adobe Photoshop.
Прво ќе ја изградиме основата на сцената, со користење слика на скали и неколку слики од шуми. Подоцна ќе ги додадеме потокот, птицата, сводот и фенерите и ќе ги споиме со нагодувачки слоеви, маскирање и четки. Ќе користиме неколку нагодувачки слоеви и ќе го обоиме светлото на фенерите за да завршиме со крајниот ефект.
Средства користени во упатството
Следните средства се користени за време на создавањето на ова упатство:
- Шума 1
-
Шума 2 достапна и на Envato Elements
- Шума 3 не е веќе достапна, пробајте го ова како алтернатива
- Скали
- Поток
- Птица
- Свод
- Фенери
1. Како да ја направите основната сцена
Чекор 1
Направете нов документ 2000 x 2000 px во Photoshop со дадените поставки:

Чекор 2
Отворете ја сликата од скалите. Користете Polygonal Lasso Tool (L) да ја селектирате околината на скалите и да ја префрлите во белото платно користејќи Move Tool (V). Ставете ја во долната половина.

Чекор 3
Има неколку несакани светли полиња на патот. За да ги поправите, направете нов слој над скалите и ставете го како Clipping Mask. Активирајте Clone Tool (S) за да ги тргнете означените детали.


Чекор 4
Одете на Layer > New Adjustment Layer > Hue/Saturation (ставете го како Clipping Mask). Намалете го нивото на заситеноста на -67:

Чекор 5
Повлечете ја сликата шума 1 на нашиот главен документ користејќи ја алатката за поместување. Кликнете на втората икона на дното на слоевите за да додадете маска на тој слој. Селектирајте нежна округла четка со црна боја (нежна црна четка) за да го избришете дното и да ги откриете скалите.


Чекор 6
Направете Curves adjustment layer за да ја затемните малку шумата.

Чекор 7
Вратете се на скалите и направете Curves adjustment layer над Hue/Saturation adjustment one. На овој слој маска, користете црна четка со намалена видливост (околу 15-30%) за да ја исчистите светлината на скалите. Можете да ги видите резултатите на маската и на сликата.



Чекор 8
Направете друг Curves adjustment layer за повторно да ја намалите светлината на скалите. На слојот маска, бојте жги горните скали додека тие добиваат повеќе светло од позадината, потоа долниот дел, којшто треба да биде малку посветол.

Чекор 9
Додадете нов слој, променете го Прекривањето на 100% и пополнете со 50% сива.

Активирајте ги Dodge и Burn Tool (O) со Midtones Range, експозитура околу 15-20% за ја осветлите највисоката скала и да ја затемните сенката на долните скали. Исто така, обојте ја сенката за една од долните скали. Можете да видите како јас го направив тоа со Normal mode и резултатот со Overlay mode.


2.Како да ја комплетирате позадинатa на шумата
Чекор 1
Пренесете ја сликата шума 2 на главниот документ и додадете маска на овој слој. Користете нежна четка да ја отстраните долната половина, двете страни и магливата околина, за да достигнете соединет резултат како подолу:


Чекор 2
Додадете Hue/Saturation adjustment слој и намалете го нивото на заситеноста до максимум.

Чекор 3
Додадете ја сликата шума 3 во нашето платно и ставете ја магливата позадина во средината на веќе постоечката шума. Користете слој маска да го оставите видлив само магливиот дел.


Чекор 4
Направете Hue/Saturation adjustment layer и ставете го нивото на заситеност на -100:

Чекор 5
Направете Curves adjustment layer за малку да го затемните овој дел од шумата.

3. Како да го внесете потокот
Чекор 1
Додадете ја сликата од потокот во најдолниот дел од сцената и свртете го хоризонтално (Edit > Transform > Flip Horizontal). Користете слој маска да го маскирате врвот, оставајќи го потокот со камењата и подолните растенија видливи.


Чекор 2
Направете Hue/Saturation adjustment layer за да ја намалите заситеноста на потокот, камењата и растенијата.

Чекор 3
Направете Curves adjustment layer да ја намалите светлината на потокот.

Чекор 4
Додадете нов слој, променете на Overlay 100%, и пополнете со 50% сива боја. Користете Burn Tool за повеќе да ги затемните камењата.

4. Како да ја додадете птицата
Чекор 1
Изолирајте ја птицата од позадината и додадете ја во горниот дел на средина. Користете Free Transform Tool (Control-T) за да ја направите помала, да направите да изгледа како да е подалеку.

Чекор 2
Направете Hue /Saturation adjustment layer за да ја намалите заситеноста на птицата.

Чекор 3
Користете Curves adjustment layer за да ја намалите видливоста на птицата, правејќи ја бледа во магливата позадина.

5. Како да го преработите сводот
Чекор 1
Исечете го сводот од оригиналната фотографија и ставете го над скалите. Користете слој маска за да го избришете дното и соединете го со веќе постоечкиот под.


Чекор 2
Направете Hue/Saturation и доведете го нивото на заситеноста на минимум.

Чекор 3
Направете Curves adjustment layer за да го намалите светлото на сводот. На слојот маска искористете црна четка за да го избришете или намалите темниот ефект на делови коишто се доволно темни.

Чекор 4
Додадете друг Curves adjustment layer за да воведете повеќе светло на контурата на сводот. Обојте го останатото за да не му влијае овој слој.

Чекор 5
Создадете нов слој, променете на Overlay 100%, и пополнете 50% сива боја. Користете Dodge Tool за давнесете повеќе светло за контурата и Burn Tool за да ја зајакнете сенката и деталите на сводот.


6. Како да го додадете фенерот
Чекор 1
Изолирајте го фенерот од позадината и сместете го над скалите.

Чекор 2
Фенерот треба да биде позамаглен за да се вклопи во магливата позадина. Создадете Curves adjustment layer и намалете го контрастот на лампата.

Чекор 3
Направете нов слој под лампата, променете на Overlay 100%, и пополнете со 50% сива боја (без Clipping Mask). Користете Burn Tool за да нацртате сенка на лампата на скалите.

7. Како да ги направите основните подесувања
Чекор 1
Создадете Channel Mixer adjustment layer на врвот на слоевите и променете ги поставките Red:

Чекор 2
Направете Color Fill layer и одберете ја бојата #21031e
. Променете го овој слој на Exclusion 100%.

Чекор 3
Додадете Curves adjustment layer да им дадете појак контраст на краевите и страните. Цртајте околу влезот и замаглената шума за да не се затемни од овој слој.

8. Како да го обоите светлото
Чекор 1
За да направите повеќе светло за лампата, создадете нов слој на врвот на слоевите и користете нежна четка со бојата #210402
за да ја обоите лампата и делот околу неа. Променете го овој слој во Linear Dodge 100%.


Чекор 2
Користете нов слој и нежна четка со бојата #d7a650
за да ја истакнете лампата, скалите, деталите на подот и контурите на сводот. Променете го овој слој во Overlay 100%.

Чекор 3
На нов слој, користете нежна четка со бојата #ee9463
за да ја направите внатрешноста на лампата посилна. Ставете го овој слој на Hard Light 100%.

Честитки, завршивте!
Се надевам дека уживавте во ова упатство и научивте нешто ново за вашите проекти. Не срамете се да ги споделите вашите резултати или да оставите коментар подолу. Уживајте во фотошопирање!

Subscribe below and we’ll send you a weekly email summary of all new Design & Illustration tutorials. Never miss out on learning about the next big thing.
Update me weeklyEnvato Tuts+ tutorials are translated into other languages by our community members—you can be involved too!
Translate this post