Unlimited PS Actions, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Photo Effects
Design

Додавање навидум реална тетоважа

by
Difficulty:IntermediateLength:ShortLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Има многу упатства на интернет кои тврдат дека го достигнале ефектот на реална тетоважа. Обично овие упатства му даваат инструкции на корисникот како да внесе слика која сака да ја искористи како тетоважа и да ја прекрие.  Од искуство можам да кажам дека ова не изгледа како тетоважа. Изгледа како...па....како облога.

Во ова упатство ќе демонстрирам напредна технологија за постигнување на ефектот реална тетоважа. Ќе користиме маски, слоеви за дотерување, мапи за поместување и ќе примениме неколку brushing skills.

Првата работа што ја направив беше потрага по добра слика. Сакав лице со многу детали како што е брадата, изразот и најважно, порите!  Претпочитам да ги користам сликите од слободнната страна www.sxc.hu. Немам доволно пари за да си дозволам да трошам на слики. Завршив со оваа одлична слика од Емилиано Спада.

Следно што ни е потребно е дизајн за тетоважа. Може да создадете ваша, но јас не сум само сиромашен, туку и мрзлив. Право на gomedia.us да го зграпчите нивниот Vector Sample Pack (од Freebie Section)

Чекор 1

Отворете ја вашата слика и копирајте ја со кликање на слојот и повлекувајќи ја на иконата New Layer на дното (тоа е од левата страна на корпата).  Именувајте го овој слој Основа, направете го помалку заситен (Ctrl+Shift+U) и повторно копирајте го. Причината зашто го правам ова е тоа што сакам да направам повеќе копии од мојата основна слика, во случај да направам грешка, за да можам да се навратам во било кое време и да ги поправам грешките.

Чекор 2

Време е да ја припремиме нашата слика. Навистина сакам да ги истакнам деталите на кожата, па ќе го зголемам контрастот и ќе ги подесам малку тоновите.  Да додадеме три подесителни слоеви: Прво, слој за ниво, потоа слој за светлина/контраст и последно слој за облини. Можете да ги додадете со тоа што ќе одите на Layer > New Adjustment Layer > Levels/Brightness/Curves зависно од тоа кој го додавате. Подесителните слоеви ви дозволуваат да ги промените својствата на сликата подолу без да ги уништите или промените податоците на сликата.

Чекор 3

Добро познатата С-форма во слојот за облини го зголемува контрастот но може да има и маана. Како што гледате, некои делови од сликата се многу зафатени од  светлото. Овие делови ја вклучуваат и предната страна и некои делови од образите.  Слојот за криви линии може да ги направи овие делови премногу светли и да ги елиминира нивните детали. За да го решите ова, треба да нанесете слој маска на слојот за криви линии и да ги исчеткате тие делови.

Одете на палетата за слоеви, кликнете на слојот за лак, потоа на дното кликнете на третото копче од лево за да додадете слој маска. Штом ќе го додадете, ќе видите екстра исечок од маската на слојот.  Кликнете на таа маска и потоа користејќи нежна четка, нежно обојте со црна боја врз местата каде што не сакате слојот за криви линии да се познава. Не заборавајте дека кога додавате слој маска, белата боја прави слојот да се познава, а црната боја го прикрива.

Чекор 4

Не бев задоволен со тоа што го добив, па одлучив да користам Burn Tool (O), за рачно да работам на сликата. Користев голема, нежна четка и го наместив ареалот на Сенки со експозитура од 32%.

Сега одете на Layer>Flatten Image и снимете го документот како Замена.psd. Не затварајте го документот, бидејќи ќе изгубите се’.  Стиснете Ctrl+Z за да ја отповикате командата 'Flatten Image' и одете на File > Save As и снимете го документот како Тетоважа.psd или било кое друго име, освен Замена.psd.

Ќе го користиме документот Замена.psd како замена. Затоа не треба да го уредуваме понатаму и секоја промена што ќе ја направиме на сликата, ќе се снима во документот Тетоважа.psd. Во ред, преминуваме на забавниот дел...

Чекор 5

Откако завршивме со подготовката на сликата, конечно може да започнеме со додавање на тетоважата. Отворете го документот Gomedia free vectors во Illustrator (по можност, но исто така може да го отворите и во Photoshop).  Копирајте и залепете го дизајнот по ваш избор на лицето. Завртете го и поднаместете го на тој начин да одговара повеќе или помалку. Маскирајте ги деловите на кои не треба да има тетоважа.  Во мојот случај, тоа се усните. Преименувајте го слојот Тетоважа за да можете полесно да го најдете. Затворете го документот vector eps без да ги зачувате промените. Еве како мојот дизајн изгледа. (трајболи, дел 3).

Го замаскирав горниот дел за да не премине преку усните, а се ослободив од врвовите кои штрчат надвор од лицето.

Чекор 6

Два пати копирајте го shape layer. Таму треба да биде документот 'tattoo copy' и 'tattoo copy 2'. Наместете го 'tattoo copy' layer да прекрива со 80% видливост. Наместете го 'tattoo copy 2' layer на нежна светлина со 64% видливост. Прикријте го оригиналниот 'tattoo' layer.

Поради целта на организираноста, создадов неколку групи слоеви и ги спуштив сите слоеви во групата.  Може да направите група со кликање на иконата во палетата на слоеви која е сместена помеѓу иконата на новиот слој за подесување и иконата на новиот слој. Користењето на група слоеви ќе ви ја олесни работата.

Чекор 7

Конвертирајте го 'tattoo copy' layer со кликање на палетата и селектирајте Rasterize layer.  Овој процес ќе го врати видот на спојувањето на нормално ниво па мора да го наместиме видот на спојувањето назад на  Overlay и видливоста назад на 80%. Сега одете на Filter > Blur > Gaussian blur и заматете го слојот со големина од 2.0 пиксели.

Следно, овде стапува на сцена вашата креативност. Ќе треба да ги маскирате деловите на двете копии се' додека не го достигнете посакуваниот резултат, што се однесува на видливоста на тетоважата.  Претпочитам да користам голема четка и ја променувам видливоста помеѓу 10 и 20 проценти додека четкам. Еве како изгледа мојот резултат:

Честитки, го поминавте делот кој е покриен од секое упатство. Создадовте нешто што помалку или повеќе изгледа реално. Но, се уште не сме завршиле.

Чекор 8

Скоро сме на крајот---време е да ја додадеме нашата замена. Селектирајте го 'tattoo copy' layer и одете на Filter > Distort > Displace. Оставете ги стандардните поставки и стиснете ок. Ќе се отвори еден прозорец за исчекување на внесување на psd документ.  Сега пребарајте го документот Displacement.psd и селектирајте го. Селектирајте го вашиот 'tattoo copy 2' layer и стиснете Ctrl+F. Ова ќе го повтори филтерот за овој слој давајќи ви нешто слично на ова:

Заклучок

Се надевам дека научивте нешто од ова упатство и се надевам дека разбравте дека е потребно многу време и напор да направите нешто да изгледа реално.  Најдобриот начин за да го достигнете тој ефект е со експериментирање и постојано гледање на предизвиците од поинаков агол. Јас прв пат кога започнав да го правам ова, ми беа потребни 6-8 часа да добијам добра рамнотежа и да ја развијам оваа техника.

Ве молам, запомнете дека понекогаш филтерот за поместување може да има негативен ефект. Во тие случаи или не го употребувајте или поигрувајте си со видливоста на слојот и на опцијата Fade Displace под табот на сликата.  Навистина ќе достигнете одлични резултати со тоа што ќе си поигрувате. Ова е мојот краен производ кој го испратив за натпревар:

Sample PSD

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.