Unlimited PS Actions, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Global Influences
Design

Карактеристика на интернационални уметници: Хрватска

by
Length:ShortLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Добредојдовте назад во нашите серии на интернационалните уметници.

Денес ќе зборуваме за пет неверојатни уметници од Хрватска, земја во Источна Европа на брегот на Јадранското Море и домот на првите грчки колонии. Ги прашав уметниците како нивната земја и култура ги инспирира во работата и тие дадоа одличен одговор.

Ведран Штимац

Ведран е самоук илустратор со потекло од Пула, Хрватска. Неговите моќни илустрации опфаќаат многу важни теми: класа, моќ и политика со неверојатна креативност.

Погледнете ги неговите дела подолу или видете повеќе во неговото портфолио.

Алфред Хичкок

Една од моите најголеми влијанија врз мојата работа се моите пријатели-луѓе кои ме охрабруваат со нивните критики и комплименти. Другари кои се борат и себеси се организираат, кои на некој начин не се дел од некои големи уметнички и култирни организации во Пула, исто така се моја голема мотивација.
Alfred Hitchcock by Vedran Stimac
Алфред Хичкок

Карло Ројц 

 Потекнувам од Пула, град на брегот на Хрватска. Носталгичен сум кога станува збор за градот во кој сум роден, иако сега живеам во Љубљана, Словенија.   Понекогаш чиста природна инфраструктура не е доволна да го одржи квалитетот на животот. Кога ќе заврши туристичката сезона во Пула и скоро да нема социјален живот, па луѓето во мојот роден град често се организираат самите себе.
Karlo Rojc by Vedran Stimac
Карло Ројц

Едгар Алан По

Edgar Allan Poe by Vedran Stimac
Едгар Алан По

Никола Тесла

Во полето на уметноста и културата, посебни оргнизации се финансирани од локалната влада, постојат оние кои веруваат дека се носители на “културниот монопол” и организираат многу културни настани за нивни лични интереси. Јас, како и да е, барам индивидуи кои се поврзуваат со другите без некоја корист да создадат работа и да расте.
Nikola Tesla by Vedran Stimac
Никола Тесла

Вишња Михатов Бариќ

Вишња е дизајнер и илустратор од Загреб, Хрватска. Нејзините прекрасни илустрации доловуваат ексквизитна техника и провоцираат емоции и мисли.

Погледнете ја нејзината работа подолу или видете повеќе во нејзиното портфолио.

Девојка со цветови 

Уметноста е моја прва љубов уште кога бев мало дете, дипломирав на Академија за ликовна уметност во главниот град на Хрватска. Загреб е културно место со многу уметнички изложби и тоа го сакам највеќе.
Girl with Flowers by Vinja Mihatov Bari
Девојката со цветови

Скицирање 

 Живеењето во главниот град има многу предности. Можете да ја видите работата на многу големи уметници- Ги сакам нашите уметници, особено сликите на ѕид насликани од уметници како Lonac Pot, Oko и многу други.
Sketching by Vinja Mihatov Bari
Скицирање

Давење

Drowning by Vinja Mihatov Bari
Давење

Илустрации за Speciwomen

 Хрватска е прекрасна земја, со многу убави места и многу потенцијал. Има безбројни културолошки работи што може да се прават во Загреб.   На пример, најголеми атракции се Градскиот Музеј на Загреб, Музејот на современа уметност и уличната уметност. Го менуваат мислењето што го имаме за уметноста и го оживуваат градот.
Illustrations for Speciwomen by Vinja Mihatov Bari
Илустрации за Speciwomen

Александар Живанов

Александар е графички дизајнер и илустратор во Пула, Хрватска. Основата врз неговата љубов кон музиката, неговата работа е силна колекција од инспиративни постери и насловни слики на албуми.

Погледнете ја неговата работа подолу или видете повеќе во неговото портфолио.

Океанска машина

Инспирацијата за тоа што го работам ја наоѓам во музиката. Heavy-metal музика. Музика која ја слушам веќе 30 години. Откако работам како графички дизајнер исто така ми влијаат трендовите во светот на дизајнот и се обидувам да вметнам метал иконографија со добар дизајн.
Ocean Machine by Aleksandar ivanov
Океанска машина

Фестивал Metaldays 

За жал, животот во мојата земја станува се потежок и потежок. Политиката е наклонета кон конзервативна и националистичка ориентација и ништо не се прави за да се подобри економијата или вработувањето.

Поради овие причини, повеќе и повеќе млади луѓе одат во западните земји во потрага по подобар живот. Од друга страна, Хрватска е прекрасна земја на Јадронското Море, полна со искуства, добра храна и јас ја имам таа среќа да сум опкружен со добри луѓе.

Metaldays Festival by Aleksandar ivanov
Фестивал Metaldays 

Stray Train LP

Stray Train LP by Aleksandar ivanov
Stray Train LP

This Misery Garden CD Art

Работам во дизајн студио па повеќе сум опкружен со овој вид заедница. Прилично е силна во Хрватска и имам шанса да работам во едно од петте најдобри студија во мојата земја.
This Misery Garden CD Art by Aleksandar ivanov
This Misery Garden CD Art

Тамара Домузин

Тамара Домузин е илустратор од Ријека, Хрватска. Нејзините дигитални дизајни се прекрасни и симпатични кои предизвикуваат насмевки на вашето лице.

Погледнете ја нејзината работа подолу или видете повеќе во нејзинотот потфолио.

Halloween Cats

Цртам работи кои се мачам да ги најдам во моето опкруѓување, слакото, смешното и работи кои се по малку ексцентрични. Недостатокот на детската игра и љубопитност кои повеќето луѓе најчесто погрешно ги разбираат, се работи кои настојувам да ги дадам на моите ликови.
Halloween Cats by Tamara Domuzin
Halloween Cats

Тие цртаат и готват: илустриран рецепт

Мојата најдрага работа за Хрватска е дека е мала земја и во големина и во количината на модерен животен стил кој сеуште не земал замав кај нас. Се обидувам да ја избегнам лавината под која живееме во денешното општество, а моето опкружување ми дозволува да имам помирен ум. 
They Draw and Cook Illustrated Recipe by Tamara Domuzin
Тие цртаат и готват: илустриран рецепт

Mail Me Art

Mail Me Art by Tamara Domuzin
Mail Me Art

Badger Wakey! Wakey!

Верувам дека Хрватската заедница на уметници е обликувана од многу млади луѓе стрвни да се поврзат со истомисленици кои го делат нивното знаење и да изградат подобра основа за идните креативци.
Badger Wakey Wakey by Tamara Domuzin
Badger Wakey! Wakey!

Франка Третињак

Франка е графички дизајнер во Загреб, Хрватска. Работи во  NJI3 креативно студио и дизајн, која ги нагласува љубовта, животот и културата.

Погледнете ја нејзината работа подолу и видете повеќе во нејзинотот портфолио.

Ivana Pi CD Cover

Ги запознав двете мои колешки кои го основаа нашето студио- NJI3 (Дина Миловчиќ и Теса Бахрах Криштофиќ) тука додека студирав на Училиште за дизајн и оттогаш работиме заедно.

Првата работа што ја учите тука е дека се’ треба да се случи во рамките на минимален буџет. Ова отежнува на сите, но исто така и ве предизвикува да бидете покреативни и снаодливи во секое време.

Ivana Pi CD Cover by Franka Tretinjak
Ivana Pi CD Cover

Привремен музеј за дизајн

Може да се каже дека живеењето во Хрватска е исполнето со многу предности, особено ако сте љубител на природата. Разновидна е и нуди многу можности за поминување време надвор.   Загреб, главниот град и мојот дом, има перфектна големина за град, бидејќи се’ тука е на пониска скала.  Можете да најдете квалитетни состојки во локалниот маркет ако сте гурмани и исто така е прилично мирно и безбедно, што за жал денес тоа е многу важно.
Temporary Design Museum by Franka Tretinjak
Привремен музеј за дизајн

Plakatiranje / Samo Ljubav

Plakatiranje Samo Ljubav by Franka Tretinjak
Plakatiranje / Samo Ljubav

Rashomon дизајн на книги

Верувам дека нашата генерација е на граница да го направи дизајнот прифатлива и почитувана дисциплина од општата јавност. Уметничката заедница во Загреб е мала, но многу динамична, жива. Се’ што се случува на глобална стапка, исто така се случува и тука. Се’ е подостапно кога лично ги познаваш луѓето кои се обидуваат да направат разлика!
Rashomon Book Design by Franka Tretinjak
 Rashomon дизајн на книги

Голема благодарност до уметниците кои најдоа време да одговорат на моте прашања и да споделат по малку за себе и како нивната земја и/или култура влијаат на нивната работа. Може да погледнете повеќе од нивната работа на линковите подолу:

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.