Unlimited PS Actions, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Design & Illustration
  2. Art History
Design

Отворена дискусија за уметноста и душевното здравје

by
Length:MediumLanguages:
This post is part of a series called A Beginner's Guide to Art History.
Art History: African Art
Art History: Neoclassicism and Romanticism

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Дали болка + уметност = генијалност?

Уметниците се мазохисти. Ние уживаме во убавината на болката, повеќе од било која друга професија во светот. Тоа е искуство, кое го создаваме за нашите гледачи, што е речиси опипливо.

Некои од најдобрите светски уметници ги документирале своите сопствени битки со менталното здравје. Од депресија и анксиозност, до широк спектар на психолошки нарушувања, сите овие теми коишто засекогаш ќе останат во уметноста се реални.

Vincent Van Gogh Self Portrait
Автопортрет од Винсент ван Гог

Па зошто болката довела до создавање на некои од најдобрите уметности? Ајде да ја истражиме оваа тема, додека навлегувам малку во историјата на уметноста и ги прикажувам делата на некои од талентираните уметници на денешницата.

Не баш ѕвездена ноќ 

Од подлоги за глувчиња до налепници за лаптоп, па дури и десктоп позадини, со сигурност може да се каже дека Ѕвездена ноќ е едно од најпознатите и најрепродуцирани уметнички дела. Но, дали знаевте дека саканиот творец на ова дело, Винсент ван Гог, се борел со депресија и психотични епизоди поголемиот дел од неговиот живот?

The Starry Night by Vincent van Gogh
Ѕвездена ноќ од Винсент ван Гог

Всушност, Sвездена ноќ била создадена по масивен нервен слом, каде што си отсекол дел од увото. Тој своеволно отишол во болницата за душевни болести, Сен Пол де Масол, каде што подоцна ја создал познатата слика, глетката од прозорецот на неговата спална соба. 

Но за него, сликата била неуспех.

Денес, се проценува дека вреди повеќе од 100 милиони долари, а сепак Ван Гог умрел сиромашен.

Многу уметници денес се борат со оваа длабока реализација. Мораме ли да умреме за да може нашата уметност да живее? Тоа е мисла која тежнее кон нашите срца, затоа што ја меша нашата страст и смисла за целта со нашата способност да се грижиме за основните човечки потреби.

Тежок опстанок

На светот не е лесно да се биде уметник. Никогаш не било. А сепак, преовладуваме. И покрај негативците и неверниците, уметниците сè уште ги менуваат животите на луѓето околу нив, со своите прекрасни креации.

Исцрпеност

Но, дури и со нивната постојана упорност, на многу уметници им е тешко да заработуваат за живот преку својата работа, честопати земајќи мала или воопшто не земајќи никаква плата. Ова може, подоцна, да доведе до проблеми со менталното здравје или да ја интензивира тековната битка, ако не сте во можност да побарате лекување.

Тоа ме тера да се запрашам... сме можеле ли да ги спасиме Винсент ван Гог и многуте други уметници како него, правејќи ја уметноста поодржлива професија? И дали уметноста може да игра водечка улога за разбирање на повеќе проблеми со менталното здравје?

Оваа внатрешна битка на преоптовареност кога работите се премногу тешки, е совршено прикажана во Исцрпеност, илустрација на уметникот Томас Гатериџ.

Burn Out by Thomas Gutteridge
Исцрпеност. Уметност од Томас Гатериџ.

Томас пишува:

Сум ја видел од прва рака борбата со депресијата на еден од моите најблиски пријатели, и навистина ми остави впечаток за тоа колку е кревок умот. Јас создадов парче кое не беше клише на борба против себе, туку нешто во кое сите ние лесно можеме да се пронајдеме, поради фактот дека сите сме имале времиња кога сето тоа станувало премногу. Секоја мисла и емоција не може да се сочува во себе и сите ние ги доживуваме овие моменти на еден или друг начин.

Депресијата е сериозна болест со која многумина се соочуваат. И уметникот Ји Пан, во нејзиното дело Држејќи се за депресијата, ги илустрира опасностите од оваа болест.

Holding Onto Depression by Yi Pan
Држејќи се за депресијата. Уметност од Ји Пан.

Местото во сликата е всушност од приказната за Аладин, каде што се впушта во подземен замок за да ја најде магичната ламба, само за да му биде одвлечено вниманието од зло богатство.  Обземен од алчност, тој го зема богатството и замокот се руши. Ји ја обликувала својата симболизација на депресија околу оваа приказна, велејќи:

Раката го држи дијамантот - отров во темна атмосфера, што укажува на тоа дека срцата на луѓето еродираат и стануваат ранливи, ако не можат да се ослободат од тагата.

Вистинската цена за менталната болест

Откако лицето конечно ќе побара помош, станува многу тешко да го продолжи лекувањето. А со постојано растечки зависности, поврзани со чести фармацевтски лекови, се чини дека тие разменуваат една болест за друга.

Холандскиот уметник и дизајнер Ван Лишаут VI одлично успева да ја објасни оваа тема со нејзиното дело, Мандала од таблети.

Mandala of Pills by Van Lieshout VI
Мандала од таблети. Уметност од Ван Лишаут VI.  

Таа пишува:

Во моментов работам на неколку дела со таблети на нив. Мандала, или „тркало на животот”, се користи за ритуални церемонии. Таа има геометриски дизајн кој го отсликува космосот и ја симболизира потрагата по внатрешен мир и ментална стабилност.
Лековите се во конфликт со оваа идеја; наивниот изглед на оваа мандала покажува колку лесно го игнорираме фактот дека апчињата не се толку невини како што изгледаат.

Возвраќање на ударот со уметност

По доживувањето на фрустрациите на креативниот блок, Дамир Мартиќ ја насликал Алхемија на душата, слика која ја прикажува неговата сопствена битка со анксиозноста и депресијата.

Дамир вели:

Чувствувајќи се сам и изгубен, се присилив себеси да создадам нешто. Ова не е нешто како автопортрет, туку портрет на мојата душа. Душа што бара мир, и душа што е полна со стравови, но сепак се надева на најдоброто. За прв пат можам гласно да кажам дека сум уметник, и дека сум роден за да ги создавам и изразувам моите емоции.
Но, за да го направам ова, мора прво да бидам својот најдобар пријател. Па дури и ако паднам многупати, ќе морам да продолжам да одам, не само за мене, туку и за луѓето што ги сакам. Едноставно, продолжете да одите и трудете се најмногу што можете.
Soul Alchemy by Damir Martic
Алхемија на душата. Уметност од Дамир Мартиќ.

Но, грижата за менталното здравје како заедница, исто така значи дека, работите кон тоа да станете помирна нација.

Кршејќи ги внатрешните патувања од Тајфун Пекдемир, е серија на слики што ги проучуваат психолошките феномени зад војните и уништување. Тој забележува:

Секое општество има поинаков начин на евалуирање на видовите агресија, поради културните разлики. Поддржано од аргументи на некои теории за личноста и социјална психологија, оваа студија ги разгледува причините зошто агресивната природа на човекот води кон војни и уништување, и се обидува да најде одговори за тоа како може да се појават феномените како што се мирот и толеранцијата.
Shattering Inner Journeys by Tayfun Pekdemir
Кршејќи ги внатрешните патувања. Уметност од Тајфун Пекдемир.

Исцелителната моќ на уметноста

Фрида Кало стана мојот „уметнички идол” кога имав 13 години. Нејзините дела не се за оние со слабо срце, бидејќи во нив ги прикажува нејзините борби со физичкото и менталното здравје, како и неуспешниот брак со колега - уметник.

И покрај тоа, јас се поврзав со неа тогаш и сè уште сум поврзана. Пораснав опкружена со убавината на источниот Лонг Ајленд, Њујорк, во фамилија со ниски примања, соочувајќи се со злоупотреба на дрога и семејно насилство. Уметноста ми стана терапија, уште многу пред да ја замислам како кариера.

Па така, во чест на Фрида, насликав неколку автопортрети во текот на мојот живот, прикажувајќи ги моите разни искуства. Во една слика, Јас ќе те спасам, ја илустрирам мојата борба со ментално здравје и осаменост. Бидејќи честопати се прикажувам како едрилица, сликата станува дводелен автопортрет, каде што темата симболизира, на некој начин, дека морам да се спасам.

Ill Save You by Melody Nieves
Јас ќе те спасам. Уметност од Мелоди Ниевес.

И покрај тажните нијанси, мислам дека уметноста е неверојатно катарзична, овозможувајќи ми целосно да ги процесирам моите искуства, на поздрав и попродуктивен начин.

Сеќавање на паднатите

Но, кога мислам на моето патување, се потсетувам на многу уметници со слични борби. Еден од нашите инструктори овде во Envato Tuts, Маринке Сламп, исто така позната како Винк, ја документираше својата битка со Аспергеровиот синдром и депресијата. За жал, таа ја изгуби битката со болеста кога си го одзеде животот во јуни 2015 година.

How to Crochet a Flower by Marinke Slump
Како да сплетете цвет од волница. Туторијал од Винк.

Маринке често споделуваше како уметноста на плетење и го спасила животот, и мислам дека оваа идеја е вистинска за многу уметници.Но нејзината приказна, исто како онаа на Винсент ван Гог, ни покажува колку е важно да ја доведеме свеста за менталното здравје во првите редови на нашите разговори.

Поддршка за благородна кауза

Еден од најдобрите начини да се поддржат напорите за свеста за менталното здравје, се подразбира дека е создавањето на уметност!

Уметникот Дина Блохина го создаде ова потсмејување за насловната страница на 'Њујорк тајмс', наведувајќи:

Емоциите, како што е тагата, се исто толку убави и вредни како и нашите позитивни искуства. Оваа слика го повикува гледателот да се стави себеси во иста позиција, соочувајќи се со невидлива борба. Јас сум силен залагач за завршување на социјалните стигми против ментална болест. Затоа, го насликав ова дело во чест на свеста за менталното здравје.
The Value of Mental Health by Dina Blokhina
Вредноста на менталното здравје. Уметност од Дина Блохина.

Посветен на давање значајно искуство зад овогодинешните 36 дена на типови, графичкиот дизајнер Дебарпан Дас создаде листа на азбучни нарушувања, со уметнички дела со теми од различни ментални болести. Тој вели:

Се започна со оваа идеја што ја имав за буквата 'М' кога видов некои деца како си играат на лулашки. Веднаш можев да го поврзам со еден проблем што го имав како тинејџер и сè уште страдам од него, а тоа е промени во расположението.  Она што подоцна го сфатив, беше дека е толку чест проблем, што ако јас направив илустрација за тоа, многу луѓе всушност би се поврзале со него. Затоа, отидов и направив листа на сите чести проблеми со кои се соочив како тинејџер, и тоа што видов низ што помина мојот помлад цимер изминативе неколку години.
Alphabetical Disorders by Debarpan Das
Азбучни нарушувања. Уметност од Дебарпан Дас.

За да ги нагласи постојано растечките грижи за менталното здравје на младите денес, Маријана Икута го создаде овој прекрасен стрип со наслов Само Зин.

Таа објаснува:

Неверојатно е тешко да не се заплеткаме во нашите невозможни стандарди за убавина и потсвесна неопходност да се вклопиме. Треба да научиме како да се сакаме себеси како целина и да не им судиме толку многу на луѓето околу нас. Чувствувам дека, со поддршка, можеме да ја зголемиме нашата самодоверба, а можеби и борбата со несакање на самите себе може да биде малку поретка.
Self Zine by Mariana Ikuta
Селф Зин. Уметност од Маријана Икута.

Станува подобро…

Некои од најубавите уметнички дела во светот се вкоренети во трагедија. Уметноста останува катарзичен медиум кој ни овозможува да ги процесираме нашите емоции, но сепак многу е важно да се грижиме за себе.

Ќе завршам со оваа слика, Грижи се за твојата глава, од уметникот Тео Пејн, кој пишува:

Менталното здравје не е конечен резултат. Секако, може да достигнете место каде што се чувствувате добро, но потребна е работа за да се задржите таму.
Take Care of Your Head by Theo Payne
Внимавај на твојата глава. Уметност од Тео Пејн.

Негувајте го својот ум како што земјоделец се грижи за неговата градина. Значи, ако вие или некој што го познавате има проблеми со менталното здравје, ве молиме побарајте професионална помош што е можно поскоро. 

Специјална благодарност

Исто така би сакал да им се заблагодарам на сите уметници, коишто беа доволно љубезни да ми ја позајмат својата уметност за оваа статија. Слободно можете да ја погледнете нивната работа со прегледување на нивните неверојатни портфолија подолу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.